Музејот на Audi одбележува 20-годишнина

Поминаа две децении откако Audi на 15-ти декември 2000-та година го отвори музејот во Инголштат. Во меѓувреме Audi испиша уште неколку историски поглавја, со револуционерни модели и нови технологии.

Музејската поставка во Audi museum mobile е збогатена со 34 автомобили од историска важност за марката и за целата индустрија. Од 15-ти декември, посетителите ќе можат да ги погледнат овие автомобили во музејот во Инголштат

Љубителите на мотоспортот посебно ќе се одушеват од ротирачкиот лифт. Претходно на овој импресивен механизам се прикажуваа модели поврзани со одредени теми и настани за Audi, а отсега тоа ќе биде место за историјата на мотоспортот на Audi AG. Со исклучок за „сребрените стрели“ што имаат посебно место на третиот кат во музејот, на лифтот ќе се качат сите автомобили што почнувајќи од 1960-те години придонесоа Audi да се развие во спортска марка. Посетителите можат да го погледнат лифтот од сите четири катови во музејот.

https://photos.app.goo.gl/AkFsxnukpZR6oZc19

Се зголеми и бројот на возила на платформата, од пет, во иднина таму ќе се вртат 14 експонати. Меѓу нив се победничкиот Audi A4 во DTM во 2007 година, тркачкиот прототип за Леман, Audi R8 LMP од 2002, Audi A4 STW од 1996, Audi Rallye quattro од Група 4 од 1980, Audi Sport quattro Rallye од Група Б од 1985, NSU 1300 TT „Jägermeister“ од 1975 и примерок од DKW F11/64 од 1963 година.

https://photos.app.goo.gl/3nQMGQEoDz3UkcsN6

На вториот кат во музејот, што претходно беше наменет за мотоспорт, сега се изложени автомобили од последните две децении. Таму се наоѓаат дизајнерската икона Audi TT Coupé, легендарниот Audi A2 со алу-каросерија, како и Audi A8, со кого што марката се врати во луксузниот сегмент. Не отсуствуваат и спортските Audi RS 4 или Audi Cabrio со петцилиндарски мотор, како и Audi Allroad quattro од 2001, како зачеток на СУВ-сегментот во Audi. Освежувањето го комплетира Audi Duo III, прототип со електричен погон од 1990-те години.

Некои автомобили си заминаа од музејот по 20 години и се заменети со нови, затоа што вредните историски модели не можат да бидат трајно изложени. Меѓу нив се Horch 303 од 1927, со првиот германски осумцилиндарец. На негово место доаѓа наследникот Horch 305 од 1928 година, со посебна каросериска изведба Landaulet – тој е еден од последните примероци од моделот. Нов во музејот е Audi Front Roadster од 1936 година, од кого што постојат само два примероци. Од предвоениот период доаѓаат и Horch 930 S, студија за аеродинамичност од 1939 година, како и прототип DKW F 9 од 1940 година.

>>> Групно преземање на 38 примероци од Audi R8 во Инголштат

Audi R8 Ауди Форум Инголштат
Audi R8 Ауди Форум Инголштат

Претходна објаваBMW iX ќе придружува бројни зимски спортови сезонава
Следна објаваРускиот Kamaz произведе 25.000 камиони Mercedes-Benz

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here