Со воведувањето на новиот „лансирен“ режим, Tesla Model S го скуси спринтот од место до темпо сто за една десетинка. Во ексклузивната дружина на автомобили со најдобар старт, тоа е многу.
За забрзувањето на Teslas Model S, сопствениците и досега немаа причина да се пожалат. Врвната изведба на спортската лимузина на струја од Калифорнија, со ознака Performance, сега забрзува од место до темпо сто за 2,5 секунди. Претходно, за оваа „вежба“ беше потребна една десетинка повеќе.
Како што тоа е вообичаено за многу функции во моделите на Tesla, така и зголемувањето на моќноста, коешто нормално дека е заслужно за подобрениот спринт, се врши преку вчитување нов софтвер – за целата процедура се грижи самиот автомобил, преку онлајн-врска.
Инженерите на Tesla развија уште еден режим за брз спринт. Неговото име е Cheetah и тој има функција да ја приспособи пневматската амортизација и да го спушти носот на возилото. Во исто време и заедничката моќност на електромоторите се зголемува краткотрајно, од 789 на 835 КС. Станува збор за топ-верзијата Model S Performance.
Пазарот во Кина се враќа во нормала, Tesla Model 3 најпродаван електромобил
















