Бумот во домашните испораки ги „напна“ велосипедите на струја

Бумот во домашните испораки ги „напна“ товарните велосипеди на струја
Бумот во домашните испораки ги „напна“ товарните велосипеди на струја

Домашната испорака стана мошне барана услуга, откако во бројни држави ширум светот беше ограничено движењето, поради пандемијата. Но, тоа повлече во исто време да се развива уште еден пазар, користењето на електрични товарни велосипеди.

Корона-кризата предизвика забавување на глобалната економија. Голем број бизниси се погодени во помала или поголема мера, а фирмите станаа многу повнимателни кога треба да се вложува во проширувањето или освежувањето на бизнисот. Првенствено се бараат решенија за скусување на оперативните трошоци. Една од услугите за коишто на целата јавност ѝ е јасно дека бележи голема експанзија е домашната испорака.

Тоа е подрачјето за коешто буквално се измислени електричните велосипеди, особено ако се имаат предвид драстично намалените оперативни трошоци. Возењето на струја е повеќекратно поевтино отколку на бензин, без разлика што и неговата цена падна драстично. Товарните електрични велосипеди се клучната алка во спрегата меѓу онлајн-нарачката и доставата на истата до домашниот праг.

Малите бизниси постигнуваат одличен имиџ преку услугата за домашна достава

Во почетокот на месецов, лондонската компанија за велосипедски превоз на патници и товар Pedal Me, стартуваше и со услугата на домашна испорака. Бројни мали бизниси, пекарници, кафетерии, месарници, трговци со алкохолни пијалоци или деликатеси, ја искористија шансата и преку рекламирањето на својата понуда, ја рекламираат и услугата на Pedal Me.

Електромоторот го олеснува вртењето на педалите, што дозволува да се возат и подолги тури и почести тури. Покрај тоа, просечната брзина на електричните велосипеди е за околу 50% повисока во споредба со обичните велосипеди. Поаѓањето исто така е полесно, што секако дека претставува напор и води до замор. Полесно е и по нагорнини, може да се превезува потежок товар, полесно да се совладува отпорот на ветрот.

Пазарните аналитичари ценат дека во периодот од 2020 до 2023 година ќе се продадат 130 милиони електрични велосипеди ширум светот.

Претходна објаваYaris Cross следен во серијата топ-погодоци на Toyota
Следна објаваЗабавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here