Европските фабрики на Audi кон крајот на месецот се враќаат во редовна работа. Целта на мерките што се презедоа во меѓувреме беше максимална заштита за вработените.
Audi во текот на следните две недели постепено ќе го враќа производството во своите фабрики во Европа. Во средината на март, управата реши привремено да ја запре продукцијата. Причина за тоа беа тесните грла во синџирот од добавувачи и намалената продажба поради пандемијата од корона. Целата постапка се води во координација со концернот Volkswagen.
Во погоните се преземени мерки што на вработените ќе им обезбедат максимална заштита во услови на пандемијата. Audi притоа се раководи според препораките од реномираниот институт Роберт Кох и од одредбите на здравствените институции во одделните држави.
Воведени се дополнителни мерки за одржува хигиена и растојание, се работи во смена преку еден ден и задолжително е носење заштитна маска за устата и носот во подрачјата кадешто не може да се одржува безбедно растојание од 1,5 метар. На критичните места се поставени и физички препреки.
За секој простор во фабриката е изнајдено соодветно решение, почнувајќи од влезовите во фабриката, паркиралиштата, внатрешната дистрибуција на стока, до канцелариите и рестораните. Вработените претходно се известени писмено за воведените промени и ќе бидат директно упатени од претпоставените лица, кога ќе се вратат на работните места.
Кус опис на производствениот синџир на Audi во глобални рамки
- Audi произведува автомобили насекаде во светот. Покрај двете фабрики во Германија – Инголштат и Некарсулм – во синџирот влегуваат и фабриките во Ѓер (Унгарија), Брисел (Белгија), Марторел (Шпанија), Братислава (Словачка), Калуга (Русија), Куритиба (Бразил), Аурангабад (Индија), Чангчун и Фошан (Кина).
- На 30-ти септември 2016 година, компанијата ја вклучи и мексиканската фабрика во Сан Хозе Чиапа, како дванаесетта фабрика во производствената мрежа. Во Мексико се произведува премиум СУВ-моделот Q5, на површина од 400 хектари.
- Во концернот Audi спаѓаат и фабриката на Lamborghini во Сант Агата Болоњезе (Италија), како и трите фабрики за мотори на Ducati во Болоња (Италија), Амфур Плуакдаенг (Тајланд) и Манаус (Бразил). Во сите фабрики се работи според истите и врвни стандарди на Audi.
https://www.instagram.com/p/B-F4FTyhqaP/
















