за

Како Skoda ја чува струјата во замавници од 1,5 тон

Како Skoda ја чува струјата во замавници од 1,5 тон
Како Skoda ја чува струјата во замавници од 1,5 тон

Мрежата од полначи за струја за електрични автомобили расте постојано, но полначи уште недостигаат. За електромобилноста да напредува, најважно е да постои можност за полнење во близина. Посебно одделение на Skoda се занимава со такви предизвици и има решение за батериите да се наполнат со помош на замавници.

Како што расте бројот на електрични автомобили ширум светот, така се зголемува и бројот на полначи за струја. Големи се предизвиците. За батериите на десет автомобили да се наполнат за десет минути, потребно е исто толку опрема, колку за цел облакодер да се снабди со струја.

За да се надминат овие проблеми, потребни се системи за локално складирање на енергијата. За тоа може да се користат хемиски акумулатори, слични на батериите во електричните автомобили. Но, нивниот недостаток е во тоа што векот им се скусува по одреден број полнења и празнења. Затоа се врши нивна замена по три до четири илјади циклуси, односно пет шест години.

Решението за проблемот постои и моментно се користи на три места во светот. Израелската стартап компанија Chakratec е партнер на Skoda во таканаречената Дигитална лабораторија. Решението на Израелците е наречено кинетички засилувач и претставува систем за складирање енергија, базиран врз замавник. Нема хемија, нема батерија. Предност е тоа што електричните автомобили може да се полнат со двојно повисока моќност од таа што може да се постигне со обичната струјна мрежа. Но, уште поважна предност е можноста за уредот да се користи на местата кадешто струјната мрежа не дозволува брзо полнење. Еден ваков „замавник“ може да ја наполни батеријата на два автомобили.

Skoda лани постави ваков полнач во комплексот PVA Expo во Прага. Тоа е трет полнач од ваков вид во светот

Начинот на работа е следниов. Системот ги апсорбира врвните оптоварувања на струјната мрежа и ја користи енергијата за замавниците да ги врти со висока брзина. На тој начин, замавниците располагаат со висока кинетичка енергија. Кога автомобилот ќе се приклучи на ваков полнач, замавникот почнува да забавува, искористувајќи ја кинетичката енергија за да произведе електрична енергија. Со таа енергија се полни батеријата на автомобилот.

Со замавниците се постигнува, струјата да полнење да биде двојно посилна отколку на постоечката струјна мрежа. Уредот може да се користи во авто-салони или трговски центри, кадешто е неисплатливо да се поставува посилна мрежа, заради брзи полначи за струја.

New item by Automedia MK / Google Photos

Чиста механика. Затоа векот на траење е околу 200.000 циклуси на полнење и празнење, односно околу 20 години. Актуелната верзија поседува десет замавници, секој тежок по 150 килограми. Тие се поставени во челично куќиште и ротираат во вакуум.

Капацитетот на овој полнач е за два автомобили Skoda Citigo e iV, за нивната батерија да се наполни до 80%. За замавниците да се вратат на „работната“ брзина, потребно е да минат околу 45 минути, откако системот ќе се приклучи на постоечката мрежа во PVA Expo со силина од 50 киловати.

Кога системот е целосно „наполнет“, замавниците вртат 18.000 пати во минута. Додека се полни автомобилот, нивната брзина опаѓа до 7.000 вртежи. Доколку се прекине напојувањето на системот со струја, замавниците ќе престанат да вртат дури по четири денови. Потрошувачката на енергија изнесува околу 3 киловатчасови, вклучувајќи ги пумпите за вакуум и сите помошни уреди.

Електричната Skoda се распродаде за два месеци во Британија

https://www.instagram.com/p/B4iRfulHI4-/

https://www.instagram.com/p/Bj4lh-qDcJH/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тест на средства за чистење бандажи

Пред следниот маратон во седење: Пролетно миење на возилото

Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава

Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава