Volvo со нова моделска структура

volvo v90 t6 awd
volvo v90 t6 awd

Volvo ја збогатува понудата од модели со плагин-хибриден и благ хибриден погон, па соодветно воведува и нова поделба меѓу различните изведби. Сите возила на Volvo со кабел за полнење на батеријата, во иднина ќе имаат дополнителна ознака Recharge. Значи, ознаката ќе важи и за плагин-хибридите и за чисто електричните модели. На тој начин, овие модели ќе се разликуваат од оние со обичен погон. Првиот целосно електричен модел на Швеѓаните, Volvo XC40 Recharge треба да стартува со производство уште во текот на оваа година.

За да им се даде дополнителен печат на моделите Recharge, се воведуваат и неколку промени во опременоста. Врвното ниво на опрема Inscription става нагласок на елеганцијата и на луксузот, додека неговата стилска спротивност е нивото R-Design, кое што ги нагласува спортскиот карактер и уживањето во динамично возење.

Посебно за моделите Recharge ќе стои на располагање и основно ниво Expression. Разликите меѓу ова ниво и топ-нивоата помалку ќе се забележуваат во надворешноста, а повеќе во кабината. Надворешни обележја на моделите Recharge се капакот за приклучокот за полнење во предното лево крило и амблемот Recharge назад.

Новитет во понудата од плагин-хибриди е комбито Volvo V90 Recharge T6 AWD. Тој е втор модел со ваков вид на погон покрај супермоќниот T8 AWD. Погонската комбинација во „T6“ ја сочинуваат бензинец со 253 КС и електромотор со 87 КС, заедно со осумстепен автоматик.

Системската моќност на овој погон изнесува 340 КС, а повеќе од импресивен впечаток оставаат и 590-те њутнметри. Литиум-јон батеријата е вградена во средишниот тунел и поседува капацитет од 11,6 киловатчасови. Полна батерија дозволува досег до 52 километри, пред да се „разбуди“ бензинецот.

https://www.instagram.com/p/B-WcwVLlJkk/

Volvo до април продаде 130.000 возила, XC60 е бестселер

Претходна објаваКина првпат има повеќе пријави за патенти од САД
Следна објаваАУТО БИЛД избираше „Најдобри модели во сите класи“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here