Tesla изработи респиратор од автомобилски делови

Tesla изработи респиратор од автомобилски делови
Tesla изработи респиратор од автомобилски делови

Производителот на електрични автомобили Tesla претстави респиратор изработен од автомобилски делови. Тоа е придонесот на калифорниската компанија во борбата против корона.

Повеќето производители на автомобили моментно работат на снабдување на лекарскиот кадар со медицинска заштитна оперма во борбата против вирусот корона. Tesla на јутјуб прикажа прототип на респиратор. Тој е изработен од автомобилски делови и со тоа не им го отежнува снабдувањето со компоненти на останатите производители на респиратори. САД се погодени особено тешко од ширењето на вирусот. „Ние ќе произведуваме респиратори кога ќе се јави недостиг“, објави Илон Маск на твитер. Тоа е лесна задача за пионерот на електричниот погон.

Маск уште пред една седмица набави повеќе од 1.000 респиратори во Кина и ги дистрибуираше до болниците во Калифорнија. Тој претходно ја потценуваше опасноста од вирусот и зборуваше дека непотребно се создава паника, поради што предизвика бурни реакции во социјалните мрежи.

Не е првпат Маск да понуди помош со уред од сопствен развој. Пред неколку години, шефот на Tesla изработи малечка подморница, со којашто сакаше да ги спаси дечињата кои беа заглавени во поплавена пештера. Подморницата остана неискористена, затоа што еден нуркач оцени дека таа не е соодветна.

Tesla со рекордна испорака во првото тромесечје: Над 100.000 возила

 

Претходна објаваPeugeot подигна уште три милијарди кредит поради кризата од корона
Следна објаваШефот на Skoda: „Ќе има време и по вирусот корона“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here