Британија го одложи техничкиот преглед на возила за 6 месеци

технички преглед британија одложен
технички преглед британија одложен

Поради кризата од вирусот корона, во Британија автоматски се продолжува за 6 месеци важноста на техничкиот преглед и регистрацијата на патничките автомобили, доставните возила и мотоциклите.

Заради натамошно намалување на изложеноста на граѓаните на опасност од заразување со вирусот корона, властите во Велика Британија решија регистрацијата и техничкиот преглед на возилата да се продолжи автоматски за 6 месеци.

Сите британски возачки и возачи на патнички автомобили, доставни возила и мотоцикли, со регистрација што во редовни услови истекува на 30-ти март, не мораат да ги посетуваат станиците за технички преглед и шалтерите во следните шест месеци.

Регистрацијата се одложува, но возачите ќе плаќаат парична казна доколку управуваат со небезбедно возило

Возачите ќе можат непречено да ги користат своите возила за да пристигнат до работното место, да ги извршат основните набавки и слично. Властите сепак напоменуват дека возилата мора да се одржуваат во технички исправна состојба, затоа што возачите сепак ќе бидат запирани и казнети доколку управуваат со небезбедно возило.

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот

Претходна објаваДобавувачите на автоиндустријата изработуваат заштитни маски
Следна објаваДоставните комбиња на Volkswagen не знаат за пауза во време на криза

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here