Германија стравува од преземање на ослабнатите фирми за мобилност

Германија стравува од преземање на ослабнатите фирми за мобилност
Германија стравува од преземање на ослабнатите фирми за мобилност

Германскиот министер за сообраќај предупредува за опасност од напади за преземање на компаниите за мобилност и инфрастуктура, како последица од вирусот корона. Финансиски ослaбнатите компании би можело да станат мета на меѓународни инвеститори.

Сојузниот министер за сообраќај Андреас Шоер предупредува за можноста, германските компании за мобилност и за инфрастуктура да бидат жртва на напади за преземање, во услови на кризата околу корона. „Не е само нападот од вирусот. Ние би можеле потоа да се соочиме и со напад врз економијата,“ изјави Министерот за дневникот „Зидојче Цајтунг“. Постои опасност, меѓународни инвеститори да посегнат по финансиски ослабнатите фирми во земјата.

Шоер наведува дека во светот постои голем интерес и за успешните германски компании што дејствуваат во подрачјето на мобилноста и инфрастуктурата. По консултации со останатите министри и министерства, најавени се заштитни мерки: „Целта ни е од надвор да се одбраниме од овие планови. Се работи за обезбедување на економската моќ во Германија по кризата.“

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер претходно изјави дека тој се бори да спречи „распродажба“ на германските економски и индустриски интереси.

Германскиот министер за сообраќај во своето обраќање преку твитер: „Живееме во вонредни времиња. Особено возачите на камиони, на локомотиви, магационерите, возачите на вилушкари, вработените во супермаркети и сите останати, работат напорно да се обезбеди основното снабдување“

Претходна објаваКинескиот Evergrande ќе станува најголем производител на електрични автомобили
Следна објаваНајдобри средства за полирање на автомобилскиот лак: Тест на Ауто Билд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here