По автопатиштата во Холандија од денес најмногу 100 km/h

Холандија автопат 100
Холандија автопат 100

По холандските патишта од денес смее да се вози најбрзо 100 km/h, освен навечер и ноќе. За непочитувањето на брзинскиот лимит се предвидени високи казни. Мерката се воведува поради големата загаденост со азотни оксиди.

Четири илјади сообраќајни знаци што покажуваат ограничување на брзината на 100 километри на час се поставени во минатите неколку денови по патиштата ширум Холандија. Целта е да се намали емисијата на азотни оксиди и да се испочитуваат строгите ограничувања на ЕУ. Досега нема регистрирано помасовен број на пречекорувања на брзинскиот лимит.

Ограничувањето важи дење, во периодот меѓу 6 часот и 19 часот. Доколку не се почитува лимитот на делницата меѓу Арнхајм и Амстердам, или Матрихт и Алкмар, казните се високи. За брзина што е 20 километри на час над дозволената, казната изнесува 174 евра. Во случај да се вози побрзо од 150 km/h, односно 50 km/h побрзо од ограничувањето, казната во тој случај е многу повисока и се одредува во зависност од месечните примања.

Холандија нема да го зголеми бројот на сообраќајни патроли, но затоа во земјата постои една од најгусто поставените мрежи од фиксни радари

Претходно, на половината од мрежата автопатишта во земјата важеше брзинско ограничување на 130 km/h, додека брзината на останатиот дел од автопатиштата се ограничуваше на 120 km/h. Овие брзини од денес се дозволени само во периодот меѓу 19 часот и 6 часот.

Причина за строгиот брзински лимит на 100 km/h е емисијата на азотни оксиди, којашто е значително зголемена во однос на површината на државата. Експертите посочуваат дека Холандија е меѓу најгусто населените региони во Европа, но во исто време располага со недоволен број на заштитени природни резервати или природни површини, коишто ќе ја неутрализираат емисијата на азотни оксиди.

Заради заштита на природната средина од превисоката емисија на азотни оксиди, холандската влада во 2019 година наложи запирање на сите поголеми градби

ЕУ ѝ постави услов на Владата на премиерот Марк Руте, или да преземе поделотворни мерки за намалување на емисијата на азотни оксиди или да откаже изградба на големи градежни проекти, вклучувајќи илјадници станови.

Претходна објаваFord произведува во само една смена поради корона
Следна објаваToyota со изуми и во лакирањето: Рекордна ефикасност од 95%

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here