Кабриолетот од Volkswagen T-Roc во Германија стартува на 20-ти март

Volkswagen T-Roc Cabriolet
Volkswagen T-Roc Cabriolet

Салоните на домашниот пазар на марката ќе ги добијат првите примероци од необичниот кабриолет-кросовер Volkswagen T-Roc ден пред почетокот на пролетта, точно за годишното време за најголемо уживање во возењето под отворено небо.

Volkswagen повторно ќе им нуди кабриолет на возачките и возачите. Станува збор за кабриолет каков што досега не постоел во понудата на Волфсбург, а не постои ниту во понудата на конкуренцијата. Матичната марка на концернот стартува со продажба на отворената каросериска изведба на T-Roc.

Моделот што е наменет за кругот на купувачи кои негуваат посебен животен стил ќе се појави во германските салони на Volkswagen на 20-ти март. T-Roc Cabriolet понатаму ќе пристига и на останатите пазари, а со оглед на непосредната интеграција на Порше Македонија во концернот, моделот мошне веројатно ќе пристигне за брзо време и во македонските салони.

https://photos.app.goo.gl/eMTrDmpwhFnaDXGZA

Отворената каросериска изведба на T-Roc, којшто во продажбата му се приближи на Tiguan, настапува со интересен концепт на кросовер. Седењето е малку повисоко отколку во Golf, растојанието од подлогата исто така е зголемено, а на тоа се надоврзува и препознатлив стилски настап.

Платнениот покрив се отвора автоматски за само девет секунди – оваа трансформација може да се врши до брзина од 30 километри на час

Германскиот пазар ќе го добива T-Roc Cabriolet во две нивоа на опрема. Едната има нагласок на дизајнот и се води како Style, додека R-Line е повеќе спортски ориентирана. Уште во Style се нуди богата сериска опрема, со бандажи од 17 инчи и дизајн Mayfield, бело амбиентално осветчување, клима уред, систем за следење лента, самостојоно запирање при опасност од судир, препознавање замор и радио Composition. Може да се доплати за дигитален кокпит и за врвниот инфо-забавен систем Discover Media.

За отворената каросериска изведба на T-Roc се нудат два бензинци: 1,0 TSI со 115 КС и 1,5 TSI со 150 КС. Посилната изведба може да се комбинира со менувач со двојна спојка. Багажникот има зафатнина од 280 литри. Задната клупа се соборува, а имајќи предвид дека кабриолетот ќе се наоѓа и во улога на „влекач“ на глисер или спортски уреди, Volkswagen со доплата вградува и влечна кука.

Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI

https://youtu.be/g0QWjUZ0Lmc

Претходна објаваЈубилеј на Suzuki: Сто години на марката што не знае за лоши вести
Следна објаваSportage уште ја предводи продажбата на Kia во светски рамки