Џон Крафчик, шеф на Waymo, планира да го развие „најискусниот возач во светот“. Неговата фирма за роботски возила доби свежа инвестиција од 2,25 милијарди долари. Некои од инвеститорите се моќни компании во автоиндустријата.
Специјалистот за роботски автомобили Waymo доби нова инвестиција вредна милијарди долари. Оваа посестринска компанија на Google, обезбеди 2,25 милијарди долари (околу две милијарди евра) од инвеститорите. Ова е прва инвестициска тура на Waymo што доаѓа од надворешни извори. Меѓу нив се производителот по специјални нарачки Magna, финансиските инвестирори Silver Lake и Alphabet, мајчинскиот концерн на Google.
Таму се одвива развојот на роботските автомобили на Google. Компанијата посгигна голем напредок во развојот на системи за автономно возење. Моментно се вршат тест-возења со роботско такси во сојузната американска држава Аризона. Планот е технологијата за роботски автомбоили да им се продава на големите производители на автомобили.

Неодамна беше претставена и службата за шпедиција Via, коајшто ќе врши транспорт на стока со роботски камиони и комбиња. Новата инвестиција ќе се користи главно во ова подрачје. Waymo развива и сопствени ласерски радари, преку коишто возилата ја „гледаат“ средината.
Крафчик објави дека неговата цел е „развој на најискусниот возач во светот“
Конкурентите исто така добиваат инвестиции во висина од неколку милијарди долари. Cruise, фирмата за роботски возила на концернот General Motors, уште во 2018 година обезбеди инвестиција од 2,25 милиајрди долари од инвестицискиот фонт на јапонскиот технолошки концерн Softbank, како и уште 2,75 милијарди долари од Honda. Инвеститорите лани додадоа уште 1,15 милијарда долари.
https://www.instagram.com/p/B9RrvdNgNJq/
















