Американскиот гигант General Motors, пред стотици вработени, дилери, инвеститори, аналитичари, новинари и политичари ги изнесе плановите за нагло зголемување на продажбата на електрични автомобили.
Мери Бара, дамата на чело на американскиот General Motors, ќе го внесе концернот во ерата на електромобилноста, со план целата моделска понуда во видно време да се префрли на возила со погон на струја.
Срцето на стратегијата на General Motors се модуларен електричен погон и флексибилна платформа за електрични возила од третата генерација, во којашто ќе работат батерии Ultrium. Тоа ќе му овозможи на концернот да понуди автомобил за секаков круг на купувачи, од достапен автомобил за основни потреби, до луксузен крстосувач, и од камионет за работа, до спортски автомобил.
Претседателот на GM, Марк Ројс: „Илјадници научници, инженери и дизајнери на GM работат во извршувањето на новиот историски старт на компанијата. Тие имаат предизвик да развијат профитабилен бизнис со електрични возила што ќе задоволи милиони корисници.“
Главните обележја на батериите Ultrium и на погонскиот систем:
- Новите батерии Ultrium на GM се уникатни поради тоа што може да се постават вертикално или хоризонтално во батерискиот модул. Тоа им дозволува на инженерите да постигнат оптимален капацитет на батеријата и форма што точно одговара за различните модели
- Капацитетот на батеријата се движи меѓу 50 и 200 kWh, што ќе дозволи досег над 650 километри и забрзување до сто за три секунди. Сопствените електромотори на GM ќе дозволуваат погон напред, погон назад и погон на сите тркала, вклучувајќи и спортски варијанти
- Возилата со батерија Ultium се дизајнирани за Level 2 и за брзи полначи со еднонасочен напон. Повеќето модели ќе располагаат со 400-волтни батерии и способност за користење полначи до 200 kW, додека платформата за камионети ќе поседува 800-волтна батерија и можност за користење брз полнач до 350 kW
- Во заедничката компанија со LG Chem, General Motors ќе постигне цената на батеријата да се смали под 100 долари за киловатчас.
- Електричниот погон ќе овозможи намалување на бројот на погонски комбинации. На пример, концернот моментно произведува и вградува 550 комбинации од мотори. Со погонот на струја се овозможува овој бројот да се смали на само 19 комбинации.
- Се предвидува дека продажбата на електрични возила во САД, во временската рамка од 2025 до 2030 година, ќе се зголеми за повеќе од двапати, на околу три милиони возила годишно.
https://photos.app.goo.gl/2e1ztZUm7thcbkJ5A
Chevrolet, Cadillac, GMC и Buick, сите ќе лансираат нови електрични автомобили уште во текот на годинава. Новиот модел на Chevrolet ќе биде наследникот на Bolt, чијашто продажба ќе стартува кон крајот на 2020. Во лето во 2021 година, ќе следи Bolt EUV, како прво возило што не е од марката Cadillac, со техника Super Cruise, односно со автопилот што ќе овозможи вистинско возење „без раце“ по автопат. До 2023 година, бројот на овие модели ќе достигне 22, вклучувајќи ги десетте модели што ќе стартуваат уште в година.

Cruise Origin, роботски автомобил со електричен погон, наменет за заедничко користење, имаше премиера во јануари во Сан Франциско. Тоа е првиот автомобил на GM со третата генерација на платформа со електричен погон и батерија Ultrium. Следно возило од овој вид ќе биде СУВ-моделот Cadillac Lyriq, најавен за април. На 20-ти мај ќе се објават детали околу електричниот Hummer, како подмарка на GMC. Производството ќе стартува во есента 2021 година, во фабриката во Хамтрамк. Тоа е прва фабрика на GM што целосно е наменета за електрични возила.
















