Кинескиот Aiways со право личи како „ферари“

Aiways U6ion
Aiways U6ion

Додека европскиот пазар чека на првите примероци од електричниот СУВ од Aiways, специјалистот од Кина најавува купе-кросовер за салонот во Женева. Во дизајнирањето учествуваше Кен Окујама, „стилистот“ на Ferrari Enzo.

Производителите на електрични автомобили од Кина се најавуваат со голема самоувереност на европскиот пазар и тоа не е случајно. Менаџерските тимови на тамошните компании сепак во најголем дел ги сочинуваат искусни експерти што претходно работеле за европски или други марки.

Додека европскиот пазар чека да стартува продажбата на U5, како што е ознаката на електричниот СУВ на производителот Aiways, мошне вешто одиграно, на салонот во Женева ќе биде прикажана студија на купе-кросовер. U6ion ја користи истата основа како U5, но става повеќе нагласок на стилот.

Во тој поглед, концептот на Aiways доаѓа со еден важен „детал“. Во дизајнирањето на U6ion учествуваше Кен Окујама, прочуен по Ferrari Enzo, а потоа и како долгогодишен главен дизајнер во Pininfarina. Јапонскиот дизајнер е ангажиран како главен советник за дизајн и уметност, а тоа ветува дека во иднина ќе следат и натамошни впечатливи дизајни од овој производител.

https://photos.app.goo.gl/8Dag78gZSrCu6FaXA

Според главниот дизајнер на Aiways, Донгфеи Луо, „U6ion е кросовер купе со хармонична и возбудлива форма на каросеријата, чијашто цел е да ги привлече младите возачи кои бараат СУВ со нулта емисија, што нуди стил, практичност и перформанси на електричен погон.“

Aiways U6ion ќе ја доживее својата светска премиера на салонот во Женева, кој на 3-ти март отвора прво за медиумите, а потоа од 5-ти март ќе биде отворен и за публиката.

https://www.instagram.com/p/B86mTPyoaF_/

Претходна објаваШри Ланка испраќа спортски електричен автомобил за салонот во Женева
Следна објаваЖенската Формула 1 се подготвува за новата тркачка сезона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here