Трамп сподели видео со Лери Дејвид, но ја пропушти иронијата

Лери Дејвид Доналд Трамп BMW
Лери Дејвид Доналд Трамп BMW

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на твитер сподели сцена од новата епизода од серијата на Лери Дејвид, во којашто прочуениот сценарист и продуцент го исмева слоганот „Make America Great Again“. Сите го сфатија тоа, единствено Трамп виде поинаку.

Видеото во траење од половина минута, во коешто Лери Дејвид среќно ги избегнува последиците, откако загрозува еден мотоциклист со своето невнимателно возење, дефинитивно е тема на денот. Овие сцени од новата епизода на серијата на Лери Дејвид можеби и немаше да стекнат толкав публицитет, доколку американскиот претседател не го споделеше видеото на својот фамозен профил на твитер. Единствено Доналд Трамп пропушти да ја разбере иронијата во овие неколку филмски сцени.

Дејствието е следново: Лери Дејвид, чијашто серија „Curb your enthusiasm“ неодамна стартуваше во десеттата серзона, вози BMW i3, но не внимава многу на сообраќајот околу себе. Еден мотоциклист за малку се извлекува од ударот од електричниот автомобил. Потоа се случува класична расправија, со стотина „f…k упатени кон Лери, кој сфаќа дека станува густо, но и подготвен е за тоа. Тој со рутински потег ја става капата на којашто пишува „MAGA“, кусо од „Make America Great Again“, по што налутениот мотоциклист се смилува и пријателски му советува на комичарот да внимава повеќе на возењето.

Претходна објаваTesla ќе сели мравки поради новата фабрика во Берлин
Следна објаваBMW ќе гради училиште во Јужна Африка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here