Француска пошта нарача 420 електрични комбиња Volkswagen e-Crafter

Volkswagen e-Crafter francija
Volkswagen e-Crafter francija

Огранокот за товарни возила на Volkswagen во следните две години ќе ѝ испорача 420 примероци од електричниот фургон e-Crafter на француската компанија за достава на пратки Chronopost.

Француската компанија за логистика Chronopost, којашто е дел од големата групација La Poste, го избра Volkswagen e-Crafter по обемните тестирања. Во следните две години, во возниот парк на компанијата ќе пристигнат 420 примероци од електричното доставно возило на Volkswagen. Станува збор за најголема единечна нарачка на комерцијални возила со електричен погон од Volkswagen и воедно за голем поттик на електромобилноста.

Chronopost веќе има долга традиција во примената на транспортни решенија со чист погон. Од септември 2019, компанијата врши испорака на пратки во подрачјето на Париз со возен парк што 100% користи алтернативен погон. До јуни годинава, возниот парк ќе се префрли на возила со ниска или нулта емисија на штетни материи во уште 18 градови во Франција.

Од специјалистот за логистика посочуваат дека изборот на електричните возила се темели врз фактот што тие веќе располагаат со доволна автономија. Секако дека во предвид се земаат и намалените оперативни трошоци, како и намалената потреба од одржување на возилата, покрај основните аргументи, отсуството на каква било емисија и речиси нечујната работа.

Претходна објаваOpel ќе извезува во Еквадор и Колумбија
Следна објаваПолицијата во Берлин воведува ред со Toyota Mirai на водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here