Со погон на вода во вода: Катамаран со „мотор“ од Toyota Mirai

toyota mirai energy observer
toyota mirai energy observer

Од средината на месецов, светот ќе ја следи новата етапа од авантурата на катамаранот со електричен погон. Фановите на Toyota и на напредните технологии имаат уште една причина да го следат катамаранот со име Energy Observer. Во него работи погонот на водород од Toyota Mirai, поточно неговите модули со горивни ќелии.

Техничарите мошне лесно го приспособиле овој супериорен вид на погон во катамаранот. Toyota уште од почеток го придружува крстосувањето на Energy Observer. Станува збор за проект што стартуваше во 2017 година, за прв брод што самиот си ја произведува погонската енергија, односно нема потреба да му се доведува енергија однадвор. Energy Observer ќе мине вкупно шест години во крстосување по земјината топка, користејќи комбинација од енергија од обновливи извори и систем што произведува водород од морската вода.

За новата етапа на Energy Observer, техничарите во европската централа на Toyota го приспособија системот со горивни ќелии од Toyota Mirai во модул што е соодветен за примена во морепловството. Моќноста е зголемена, потрошувачката е смалена. За безбедното препловување на Атлантикот и Пацификот, сепак е најважна исклучителната сигурност во работата на водородниот погон. Приспособувањето на погонот од Mirai траело само седум месеци. Тоа е уште една предност на водородниот погон на Toyota.

Докажувањето на применливоста во морепловството ќе биде уште еден триумф на водородниот погон на Toyota

Погонот на водород од Toyota Mirai веќе со години работи и во неколку автобуси и камиони, докажувајќи се како моментно најдобриот вид на погон, особено во поглед на емисијата на штетни гасови – единственото што го испушта водородниот погон е мала количина водена пареа.

По три години и близу 20.000 наутички милји во развој, системот за снабдување со енергија и нејзино акумулирање сега работи исклучително надежно

Викториен Ерусард, основач и капетан на Energy Observer

https://www.instagram.com/p/B8KY8LinZEP/

https://www.instagram.com/p/B7oc8I6IfOQ/

Претходна објаваHyundai i20 со стилски упад на забавата на 208-Corsa-Clio
Следна објаваНови бензинци и дизели во Британија само до 2035 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here