Возачите во иднина не мора да бараат полнач, туку полначот ќе доаѓа до нив. Volkswagen разви роботи што се движат самостојно до електричниот автомобил и ја полнат батеријата.
Секое место за паркирање во иднина може да стане место за полнење на батеријата на електричните автомобили. Робот опремен со камери и ласери, што овозможуваат тој самостојно да се движи и ориентира во просторот, во иднина ќе пристига до електричиот автомобил чијашто батерија треба да се наполни.
Сопственикот го повикува роботот-полнач преку мобилна апликација или преку комуникација Car-to-X. По пристигањето, роботот го отвора капакот на приклучокот на возилото и ја поврзува батеријата што ја влече со себе. Потоа, батеријата останува приклучена, а роботот продолжува натаму, да донесе батерија и до останатите електрични автомобили во тоа подрачје за коишто е побарано полнење. На крај, роботот ја откачува батеријата од возилото и ја носи на полначот во близина. Нема потреба од работен персонал, ниту од присуство на возачот.
Примерот со робот-полначите е уште еден доказ дека со напредувањето во ерата на електромобилноста се менува и начинот на размислување
Несомнено е дека овој различен пристап воведува своевидна револуција во начинот на полнење на возилата на струја. Техниката може да се користи во катни гаражи, на големи паркиралишта или во подземни гаражи. На овој начин, буквално секое место за паркирање станува место за полнење на електрични автомобили, затоа што полначот пристига до возилото.
https://photos.app.goo.gl/dF8E4EwFH8XiGZqXA
Од Volkswagen ценат дека ваквиот начин на организација на полнењето може во видно време да стане секојдневие. Наполнетата батерија што ја влече роботот поседува енергетски капацитет од 25 kWh. Секако дека е предвидено роботот да влече повеќе батерии одеднаш. Кога ќе се приклучи на возилото, „батериската приколка“ благодарение на вградената техника овозможува батеријата на автомобилот да се полни брзо со моќност до 50 киловати.
https://photos.app.goo.gl/wFKpkqhJLHxbc3RN8
Роботот, пак, опремен е со камери, ласерски скенери и ултразвучни сензори. Тоа дозволува негово безбедно и непречено движење низ просторот. Зависно од големината на паркиралиштето или гаражата, полнењето може да се организира со повеќе роботи што ќе доставуваат батерија.
Со иновативната техника се избегнува и проблемот со блокираните места за полнење на електричните автомобили, а воедно се решава и проблемот кога наполнето возило останува приклучено со часови, оневозможувајќи приклучување и полнење на други возила.
Volkswagen Group Components засега не наведува временска рамка во којашто би можело да стартува новата техника за полнење.
Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер
















