Новата Opel Corsa ја продолжува обновата во градската класа

Opel Corsa MK-premiera
Opel Corsa MK-premiera

Синоќа во пригодна атмосфера во Сити Хол во Скопје беше претставена шестата генерација на Opel Corsa. Неколку нови безбедносни системи се вградуваат како стандард, гамата вклучува и изведба со електричен погон, којашто ќе биде понудена подоцна.

По ланската голема обнова во класата на моделите од компакт класата, годинава тоа следи кај таканаречените модели од градската класа, кои некогаш го сочинуваа најголемиот дел од возниот парк во Макединија. Во пријатниот простор на Сити Хол, синоќа се одржуваше македонската премиера на новата генерација на Opel Corsa, познато и ценето моделско име меѓу возачките и возачите кај нас.

Моделската серија брои вкупно 13 милиони продадени примероци од 1982 година наваму, со што Corsa се вбројува меѓу најуспешните модели на марката од Риселсхајм. Основната моделска изведба со мотор со 75 КС на македонскиот пазар ќе чини 12.920 евра. Corsa отсега е достапна само во каросериска изведба со пет врати. Во понудата има и еден дизел, но врвот во поглед на изборот од погон припаѓа на електричната изведба.

https://photos.app.goo.gl/5xjeaXvwNVoXjCyA8

Corsa F, како што е генерациската ознака, повеќе не е скромен автомобил за низ град, туку е сериозно и зрело возило со самоуверен стил. Каросеријата порасна минимално на 4,06 метри, ширината остана на 1,77 метар. Меѓуоскиното растојание порасна за 2,8 сантиметри, а порасна и багажникот за 24 литри, што значи дека сега нуди најмалку 309 литри.

Новата Opel Corsa повеќе се профилира како стилски автомобил, со можност да се даде и личен печат во изгледот

Постојат бројни можности да се даде личен печат во изгледот, со контрастни бои за ретровизорите, маската, бандажите и покривот. Неколку ставки од дополнителната опрема имаат премиера во класата, од типот на диодни матрични светла или масажна функција во седиштата.

https://photos.app.goo.gl/Tatw2ka45aXHpomF8

Бидејќи платформата доаѓа од исто така новиот Peugeot 208, идентични се и моторите со францускиот близнак. Тицилиндарскиот турбо-бензинец од 1,2 литар се нуди во изведби со 75 КС, 100 и 130 КС, дизелот од 1,5 литар располага со 102 КС.

Во следната пролет пристига електричната изведба со електромотор со 136 КС и досег до 340 километри. Секако дека оваа изведба ќе биде повеќе интересна и воедно подостапна на пазарите кадешто се субвенционира чистиот погон на струја. Конретно во Германија, со субвенција што надминува 7.000 евра, цената на Corsa E се сведува на ниво на солидно опремена верзија со моќен мотор.

За натаму се планира и верзија со уште посилен спортски нагласок, по пример на Corsa OPC, за којашто се шпекулира моќност од 190 КС.

https://photos.app.goo.gl/a5h7psAnbxZQwhW19

Кралски благослов за стартот на Opel Corsa во Сарагоса

Претходна објаваПротестниот марш против загадувањето имаше инстантен ефект, еколозите уште не знаат
Следна објаваKia Optima порачува: Одиме уште еден круг, сé од ново

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here