Во фабриката на Mercedes во Диселдорф започна производството на Sprinter со погон на струја, едноставно означен како eSprinter. Електричната верзија на познатиот транспортер беше предвидена уште при стартот на актуелниот модел пред две години. На брз полнач, батеријата се полни до 80% за половина час, а потоа се вози повеќе од 150 километри.
Овие погони ги произведуваат комбињата и останатите изведби на лесни товарни возила на Mercedes уште од 1962 година. Вкупната продукција има надминато 4,6 милиони примероци. Од 2018 година се произведува актуелниот Sprinter, чијашто продукција исто така неодамна 200.000 примероци досега.
Изведбата со електричен погон беше предвидена уште од стартот на моделот, па соодветно на тоа се инвестираше и во производствените погони, конретно станува збор за 330 милиони евра. Новата погонска варијанта се произведува на иста линија со моделите со обичен погон. Диселдорф во меѓувреме прерасна во центар на Daimler за развој и истражување на електричниот погон. Повеќе од 2.400 работници до денес се обучени да работат со погонската спрега под висок напон.
Електромоторот располага со 85 kW, може да се избира меѓу две големини на батерија – и две цени
Во почетокот ќе се произведува изведбата на фургон со повишен покрив и со дозволена вкупна тежина до 3.500 килограми. Исто како кај Sprinter со класичен погон, зафатнината на товарниот простор изнесува 10,5 метри кубни. Електромоторот ги движи предните тркала и ослободува 85 киловати, односно 115 КС, исто како основниот дизел. Вртежниот момент достигнува 300 њутнметри.
Купувачите можат да избираат меѓу батерија од три или четири модули. Во изведбата со батерија од 55 kWh се постигнува досег до 168 километри, а носивоста иознесува 891 килограми. Втората опција псоедува три место четири батериски модули и соодветно на тоа капацитетот се смалува на 35 kWh, а досегот се сведува на 115 километри. Затоа, пак, на сметка на полесната батерија се овозможува повисока носивост, односно 1.040 килограми, што е за околу 140 килограми повеќе од првата верзија.
На брз полнач може да се постигне наполнетост од 80% за половина час. Крајната брзина може да се конфигурира според условите на користење, односно за 80, 100 или 120 километри на час.
Цените и останатите детали за електричниот Sprinter ќе следат наскоро.
















