Тркачкиот тим Cyan Racing испиша важно историско поглавје за Lynk & Co, донесувајќи му ја првата титула на светски шампион во мотоспорт на кинески производител на автомобили.
Тркачкиот тим Cyan Racing го впиша името на Lynk & Co како прв производител на автомобили од Кина што освојува титула на светски шампион во мотоспорт. По вчерашната финална трка во Малезија, Cyan Racing му ја донесе на Lynk & Co светската титула во конкуренција на конструктори во светскиот куп со туристички автомобили.
Cyan Racing во последните три сезони победуваше со три различни производители. За тимот е големо достигнување тоа што во првата година со Lynk & Co ја освојуваат шампионската титула во конкуренција на конструктори. Кристијан Дал, директор и основач на Cyan Racing, открива дека „целта за следната година дефинитивно ни се две титули“.
Марката Lynk & Co е дел од кинескиот холдинг Geely, кадешто меѓу другото припаѓаат Volvo и Lotus
Последниов триумф е нов рекорд за Cyan Racing, кои трета година по ред победуваат во конкуренција на тимови. Во 2017 година тие победија во WTCC со Volvo Polestar, во следната година го освоија WTCR со независна програма, а годинава се заокружува успехот со Lynk & Co. Тоа е единствен тим што победува трипати по ред во историјата на светското првенство со туристички автомобили.
https://photos.app.goo.gl/Eesi5mv5gE3796AM7
Lynk & Co Cyan Racing е победничниот тим сезонава со 34 бодови пред ривалот Hyundai и 54 бодови пред Honda. Александар Мурџевски, со македонско потекло и прв човек на одделението за мотоспорт во групацијата Geely, зборува за значењето на триумфот: „Проектот Lynk & Co 03 TCR се комплетираше во рекордно време, за помалку од 25 месеци од план до готов автомобил, со заеднички придонес на секоја единица од секоја земја. Горди сме и среќни што Cyan Racing ја освои титулата, со високи норми на спортски дух од првата до последната трка.“
Возачот Иван Милер ја зајакна позицијата на најуспешен возач во туристичката класа во светски рамки, освојувајќи го бронзениот медал во WTCR за 2019 година. Французинот 12 години по ред постигнува пласман меѓу првите три места.
FIA 2019 WTCR
Конечен пласман во конкуренција на возачи
1 Норберт Михелич · Hyundai i30 372 бодови
2 Естебан Гуериери · Honda Civic 349 (-23)
3 Иван Милер · Lynk & Co 03 331 (-41)
4 Тед Бјорк · Lynk & Co 03 297 (-75)
5 Јохан Кристоферсон · Volkswagen Golf 243 (-)
…
9 Јан Ерлахер · Lynk & Co 03 222 (-150)
18 Енди Прио · Lynk & Co 03 122 (-250)
Конечен пласман во конкуренција на тимови
1 Cyan Racing Lynk & Co 628 бодови
2 BRC Hyundai Squadra 594 (-34)
3 Münnich Motorsport 574 (-54)
4 BRC Hyundai Lukoil 354 (-274)
5 Cyan Performance Lynk & Co 344 (-284)
https://www.instagram.com/p/B6F9IURJCLH/
















