Три од секои четири продадени електрични коли во САД се Tesla

Tesla Model 3 poevtina izvedba

Tesla продала околу 13.200 електрични автомобили на домашниот пазар во минатиот месец. Model 3 убедливо доминира во продажбата наспроти моделите од останатите производители. Заедно со луксузните Model S и Model X, калифорнискиот специјалист држи 77% од пазарот на електрични автомобили во САД.

Tesla се покажува како вистински „домаќин“ на пазарот на електрични автомобили во САД и покрива повеќе од три четвртини од продажбата во земјата, конкретно 77 проценти. Овој висок удел во продажбата важи за ноември, но и за вкупната продажба од почетокот на годинава. Автомобилите со погон на струја учествуваат со помалку од два проценти од целиот пазар. Тоа е воедно и уделот што електричните автомобили моментно го постигнуваат во светски рамки.

Како што покажуваат и бројките во табелата подолу, Tesla Model 3 во ноември постигнал 10.500 продажби на американскиот пазар, наспроти 1.700 примероци од Model X и илјада примероци од Model S. Огромниот успех на Model 3, не само во САД, туку и глобално, не е тајна. Иако е значително поскап од моделите со класичен погон, па и од неколкуте споредливи модели на струја, автомобилот привлекува со перформансите, со досегот, безбедноста, мрежата од полначи, и најважното, со имиџот на марката.

Предвидената продажба на електрични и плагин-хибридни модели од големата американска тројка во горната табела е внесена под „друго“, затоа што GM, Ford и FCA ги објавуваат продажбите на секои три месеци.

Расте и продажбата на останатите модели на струја. BMW i3 во ноември постигнал 918 продажби во САД, што е блиску до рекорд за моделот, а добра продажба постигнал и Leaf, со 1.140 примероци.

Престојат уште бројни нови модели со погон на струја, што треба да се појават наскоро: Tesla Model Y, Volkswagen ID.4, Tesla Cybetruck, Ford Mustang Mach E, се само некои од нив. Голема е неизвесноста, кој од овие идни модели ќе достигне месечна продажба од 10.000 примероци, како Model 3. Големи шанси за тоа имаат Model Y и СУВ-изведбата во стил на Ford Mustang со погон на батерија, којашто изненадува со цената.

Така изгледа чувството за слобода денес: Ford Mustang Mach-E на струја

Претходна објаваНовогодишно дружење на Мотоцентар со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија
Следна објаваВо Њујорк поштата се разнесува со товарни велосипеди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here