Електрични такси-комбиња ќе возат во Џакарта и Бали

BYD T3 електрично комбе
BYD T3 електрично комбе

Најголемата такси компанија во Индонезија нарача 200 електрични комбиња од кинескиот производител BYD. Тие ќе им се придружат на двете дузини електрични автомобили кои за неколку месеци извозеа два милиони километри – без грам штетна емисија.

По улиците низ Џакарта и Бали набрзо ќе почнат да возат 200 електрични комбиња од кинескиот производител BYD. Станува збор за најголема нарачка на електрични такси-возила во земјата и воедно за рекордна нарачка за моделот T3 надвор од Кина.

Комбињата со големина на Ford Transit ќе им се придружат на 25-те електрични такси автомобили BYD e6, кои за неколку месеци месеци од стартот поминаа повеќе од два милиони километри во Џакарта. Тоа е исто како секое од овие 25 возила двапати да го обиколило светот.

Компанијата ја такси-превоз Blue Bird располага со возен парк од 30.000 возила во Индонезија и најавува дека во иднина ќе следат и нови нарачки за електрични возила. Во престолнината Џакарта ќе циркулираат 150 комбиња BYD T3, додека преостанатите 50 ќе бидат испорачани на островот Бали. Покрај тоа што компанијата ќе заштедува по 3,5 милиони литри гориво годишно, корист од комбињата на струја секако ќе има и животната средина, којашто ќе биде поштедена од 8.290 тони СО2. Тоа е особено важно во условите на висока загаденост во Џакарта, но уште поважно за туристичкиот Бали.

Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

Претходна објаваДали сакате Rolls-Royce да ви извезе гоблен во автомобилот?
Следна објаваПлагин хибридот на Mitsubishi најдобар избор на користено според DrivingElectric

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here