Оваа Toyota Yaris порачува „Grrrrrrrrr….“

toyota gr yaris
toyota gr yaris

Останува уште еден важен модел да го комплетира новиот бран градски автомобили, по Clio, Corsa и 208. Toyota стратешки им порачува на потенцијалните купувачи да се стрпат до следното лето, кога започнува испораката на новиот Yaris. Стратешката порака е: GR Yaris, мало и луто.

Toyota веќе го прикажа новото издание на својот Yaris и го најави почетокот на испораката во текот на следното лето. Тоа беше стратешки потег, за на купувачите кои ги загледуваат новите Clio, Corsa и 208 да им порача дека можеби е умно да почекаат да го видат и моделот на Јапонците, па потоа да решаваат околу изборот. Со новата најава, убедувањето е уште посилно.

Toyota ќе одржи светска премиера на новиот GR Yaris на салонот на автомобили Токио 2020, којшто ќе се одржува од 10-ти до 12-ти јануари на саемот Макухари, на периферијата на јапонскиот мегалополис.

Станува збор за втор модел на Toyota под обврзувачката ознака GR, којашто произлегува од Toyota Gazoo Racing. Првиот модел, секако е GR Supra. Двете букви не стојат напразно, туку се повикуваат на долга традиција во мотоспортот, во најразлични категории, од маратонски трки, до рели во кал и на мраз. TGR се врати во светското првенство во рели во 2017 година и победи на пет релија во 2018 година, додека во последнава сезона ги освои и титулата за возач и совозач, и титулата за производител.

Како што ветуваат во соопштението од Toyota, Yaris GR ќе ги поседува овие беспрекорно негувани гени и ќе ги вклучува сите технологии, експертизи и искуства од светското рели.

Претседателот на Toyota, кој ја носи титулата на главен возач на TGR и настапува под името „Моризо“, штотуку ги комплетираше завршните возења на идниот тркач, тестирајќи го до апсолутен екстрем. Видеото во продолжение е најверно сведоштво за тоа што се случуваше во Toyota во изминативе месеци.

Пред да се случи светската премиера во Токио, лутото издание на Yaris ќе се појави во маскирано издание и секако во комбинација од црвена, црна и бела, како заштитни бои на TGR, на тркачкиот фестивал во организација на Toyota Gazoo Racing на 15-ти декември.

 

Toyota Yaris
Тоа е новата генерација на Toyota Yaris

Претходна објаваОсум модели во семејството на A-Class: Напролет пристига Mercedes GLA
Следна објаваВо Канада леташе првиот патнички авион на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here