Во матичната фабрика во Млада Болеслав започна производството на новата Skoda Octavia. Откако првпат беше воведено ова моделско име во 1959 година, продадени се повеќе од 6,5 милиони примероци. Моделот е особено популарен во својата класа во Чешка, Астрија, Финска и Швајцарија.
Првиот сериски автомобил од четвртата генерација на Octavia денес ја напушти производствената линија во фабриката на Skoda во Млада Болеслав. Чешката марка ветува повеќе простор, безбедност, поврзување и емоции кај новото издание на својот бестселер. Годишната продукција на Octavia досега е движеше околу 400.000 примероци.
Новата Octavia се произведува во халата M13. Секој ден оттаму ќе излегуваат по 1.150 примероци од автомобилите од моделската серија. Octavia имаше премиера на 11-ти ноември во Националната галерија во Прага.
Неколку технологии пристигаат првпат во марката. Octavia е прва Skoda во којашто може да се доплати за проекциски дисплеј.
Octavia е веќе достапна за нарачки за чешкиот пазар, кадешто моментно се нуди само комби изведбата. Во изведба со 1,5-литарски TSI со 150 КС, мануелен менувач и основно ниво на опрема Ambition, новиот модел чини 636.900 чешки круни или околу 24.900 евра.
Новата генерација на Skoda Octavia преоѓа во класа погоре

















