Toyota расте во сите правци: Плус промет, заработка, возила

toyota c-hr 2020
Исто како што пристигна на пазарот, така се подготвува и за наследничката, впечатливо. Тојота Ц-ХР беше најпродаван модел во октомври. Корола е блиску.

Корпорацијата Toyota ги објави финансиските резултати за период од шест месеци. Бројот на продадени возила од април до септември пораснал за пет проценти, на 4,64 милиони возила. Посебно е впечатлив напредокот на европскиот пазар.

Јапонскиот автомобилски концерн продолжува да расте и во првото полугодие во тековната деловна година (од 1-ви април 2019 до 31-ви март 2020). За шест месеци, Toyota продала 4,64 милиони возила, што е раст од пет проценти. Прометот на концернот пораснал за 4,2 проценти, на 126 милијарди евра, додека оперативната добивка се зголемила за дури 11,3 проценти (11,61 милиајрди евра). Неоданочената добивка изнесува 13,09 милијарди евра (+2,2%), односно чистата заработка изнесува 10,54 милијарди евра или за 2,6 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Бројот на продадени возила се зголемил во сите региони, почнувајќи од Европа, кадешто за шест месеци се испорачани 523.550 возила, односно за 6,3 проценти повеќе отколку во првото полугодие лани.

Уште повеќе расте продажбата на домашниот пазар, со 1,14 милион возила и раст од дури 10,6 проценти. На останатите азиски пазари е постигната продажба од 829.219 возила (+2,2%). Расте и продажбата во Северна Америка, со 1,45 милион возила и раст од 2,4 проценти. Од останатите големи региони, во Средна и Јужна Америка, Океанија, Африка и Блискиот Исток, меѓу април и септември се продадени 700.187 возила или за четири проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Тест: Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury

https://www.instagram.com/p/B5NIkb8nwCc/

Претходна објаваДомашна премиера на Kia XCeed: Кога Ceed ќе се надмине себеси
Следна објаваЈубилеј за Mercedes S-Class: Половина милион луксузни лимузини од тековниот модел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here