Lamborghini и во видеоигра пак е Lamborghini

Lamborghini Lambo V12 Vision Gran Turismo
Lamborghini Lambo V12 Vision Gran Turismo

Lamborghini го искористи финалето во светскиот шампионат во гран-туризмо во Монте Карло, да го претстави својот нов концептен автомобил. Мала, но важна напомена: Финалето се игра на компјутер, а концептниот автомобил е „изработен“ од пиксели. Видеоигрите се докажаа како одличен начин за одржување на имиџот на марките. Овој Lambo сепак постои и реално.

Lamborghini Lambo V12 Vision Gran Turismo е името на визионерскиот концептен автомобил што фановите на видеоиграта Gran Turismo Sport за играчката конзола Sony PlayStation 4 ќе можат да го возат виртуелно од следната пролет. Видеоигрите веќе подолго време се користат како корисна платформа за промоција, особено од страна на суперспорските марки.

Стефано Доменикали, шефот на Lamborghini, коментираше при симнувањето на велот од реалниот автомобил што е изработен за целата оваа приказна да се заокружи совршено: „Lamborghini е многу млада марка и поради тоа денес ја претставуваме нашата најнова виртуелна визија во форма на реален модел, со крајно футиристички и кулдизајн, со кого ќе ужива младата генерација ентузијасти за тркачки игри и суперспортски автомобили.“

https://photos.app.goo.gl/7EYfkRQyZe7WwcXA7

Vision GT е едносед, кој во виртуелната форма ја користи погонската спрега од Lamborghini Sián FKP 37, концептот од годинешниот салон во Франкфурт. Во дизајнот има детали од историските модели на марката, толкувани на модерен начин.

Најдоминантен дел секако е големиот заден спојлер во когошто светлата се изведени во форма на буквата Y. Крилата се одвоени од каросеријата, додека хексагоналната форма на страничните прозорци потсеќа на Lamborghini Marzal од 1968 година. Предните светла исто така ја користат препознатливата Y-шема на марката.

https://photos.app.goo.gl/6zwWKq7zDAMJMGip6

Возачот седи во кабината во стил на пилот на борбен авион, а пристапува во неа со подигнување на куполата. Главните команди се поставени на воланот со футуристичка форма. Сите информации се проектираат виртуелно пред возачот.

Производителите честопати ги користат овие „компјутерски“ модели за јавноста и обоживателите да ги подготват за следните чекори. Vision GT користи хибриден погон, кој сосем сигурно ќе работи во следната генерација нови модели од Сант Агата.

https://photos.app.goo.gl/2mKAm3MkHSaTRyFf6

https://www.instagram.com/p/B5Qo3QxAWWn/

Lamborghini разви нови суперкондензатори: Нов поттик за електричниот погон

 

Претходна објаваСедум милиони електрични возила се регистрирани во светот
Следна објаваMercedes Actros со титула на најдобар камион во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here