Екс-фабриката на Opel во Бохум стана центар за пакети на DHL

Opel фабрика Бохум пакети
Opel фабрика Бохум пакети

Службата за достава на пратки DHL отвори центар за дистрибуција на пакети во поранешната фабрика на Opel во Бохум. Нови бизниси се отворија и во останатите капацитети што некогаш се користеа во производството на автомобили.

Фабриката на Opel во Бохум, во којашто веќе пет години не се произведувааат автомобили, од денес работи како центар за дистрибуција на пакети на DHL. Во големата низа хали во иднина ќе се сортираат до 50.000 пакети на час. Во центарот ќе работат околу 600 лица. На свеченото отворање што се одржуваше претпладнево присуствуваа и претставници од локалните власти.

Opel не произведува автомобили во овој град во индустрискиот регион Рур уште од декември 2014 година. Фабриката во тоа време вработуваше 3.000 лица. Во најдобрите времиња, за Opel во Бохум работеа дури 20.000 лица.

Фабричките хали во меѓувреме се урнати, а на индустриските површини се подигнати објекти од сосем различен карактер. Покрај центарот за дистрибуција на пакети, наскоро таму ќе проработи и истражувачки центар, како и неколку производствени погони. Според концесионерот, досега се обезбедени корисници за околу 60 проценти од површините во некогашната фабрика, на коишто ќе работат повеќе од шест илјади работници.

Opel не смее да биде жртва од спојувањето меѓу PSA и Fiat Chrysler

Претходна објаваТака изгледа чувството за слобода денес: Ford Mustang Mach-E на струја
Следна објаваMazda3 е светски автомобил за 2019 година во избор на дамите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here