Новиот Volkswagen Golf ќе се произведува побрзо и поевтино

VOLKSWAGEN GOLF 8 AMBLEM

Производството на новиот Volkswagen Golf во матичната фабрика во Волфсбург започна уште летоска и моментно се наоѓа во фаза кога се очекува подигнување на продукцијата за почеток на сериското производство. Првите возила ќе им се испорачаат на германските и австриските дилери во почетокот на декември.

Моментно во Волфсбург околу 8.400 работнички и работници се посветени исклучиво на производството на Volkswagen Golf. Возилото се состои од повеќе од 2.700 одделни компоненти и делови. Како возило што располага со комплетна мрежа за поврзување на интернет и користење на онлајн услуги, во Golf 8 се вградуваат вклпно 1.340 метри кабел, во 962 одделни врски. Тоа се околу 100 метри кабел повеќе и 31 врски повеќе во споредба со претходникот.

Поради повисокиот степен на стандардизација на постројките и процесите, инвестициите за успешен старт на производството кај Golf 8 се преполовени наспроти „седумката“. Вкупната инвестиција за новиот Golf изнесува околу половина милијарда евра. Во изработката на каросеријата се користат околу 80 проценти од постоечките посторјки, благодарение на платформската стратегија.

„Производството е поевтино, но опременоста и технолошкото ниво се на повисоко ниво во споредба со претходникот“ – може уште сега да се претпостави реториката при претставувањето на новиот Volkswagen Golf

Golf 8, исто како претходникот, се базира врз модуларниот систем на заеднички компоненти (MQB) за автомобили со попречно вграден мотор. За страничните делови од каросеријата со впечатлив профил е поставена нова производствена линија. Таа е значително пофлексибилна, но и за околу 40 проценти повеќе продуктивна отколку кај Golf 7.

https://www.instagram.com/p/B37fw_5HjWy/

Бразилскиот Volkswagen ќе прави кола за светот: Oдговор за Dacia

Претходна објаваMercedes првпат ги прикажува автомобилите од „Светите хали“ во книга
Следна објаваБритански Auto Express: „Агенцијата за животна средина има возен парк од 3.000 дизели“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here