Приватна колекција фолксвагени се продаде за 670.000 евра

приватна колекција фолксвагени, шведска

Викендов во Шведска се бараа нови сопственици за 51 стари фолксвагени од приватна колекција. Буба од 1948 година достигна дури 130.000 евра

Педесетина возила од најголемиот приватен музеј на Фолксваген во Шведска викендов беа понудени на наддавање во Шведска. Потрагата по новите сопственици за старите автомобили од германската марка мина успешно. Претходниот сопственик инкасираше вкупно 670.000 евра за историските модели кои три децении беа изложени во неговиот приватен музеј.

Некои од понудените примероци не ја постигнаа минималната вредност на наддавањето. За овие преостанати примероци ќе се преговара со учесниците кои дадоа највисоки понуди на наддавањето. Повеќето возила ќе останат во Шведска, вклучувајќи ги двата најскапи примероци, кои воедно беа најстариот и најмладиот автомобил во досегашната музејска поставка.

volkswagen Ùltima edición
VW Ultima Edicion од 2003 година вредеше повеќе од најскапиот нов модел на Volkswagen

Најскапа беше „буба“ од 1948 година, со 131.000 евра. Слична вредност постигна и единствениот примерок од последната серија од бубата што бил регистриран во скандинавската земја, VW Ultima Edicion од 2003 година. Овој редок примерок му припадна на шведски трговец специјализиран за стари автомобили со ниска километража, за 106.800 евра.

На наддавањето се појавија и неколку ретки фолксвагени, за коишто колекционерите не беа подготвени да ја платат високата цена

Освен за „буби“ од сите годишта и од сите варијанти, се наддаваше и за неколку примероци од VW 1500, за легендарниот VW Typ 2, за баги-верзија, Karmann-Ghia Cabriolet, Karmann-Ghia 1600L, VW 411, VW K70, Typ 181, Golf I, .

Холандски колекционер си замина од наддавањето со дури 12 возила. Неколку стари автомобили си најдоа нови сопственици во Белгија, Германија и Швајцарија. Два ретки примероци, VW 1200 со компресор Judson и бразилскиот SP2, не успеаја да го поттикнат интересот на колекционерите. Тие беа подготвени да понудат 14.500, односно 19.400 евра за овие два автомобила, што беше под поставениот минимум.
Досегашниот сопственик не ја напушта германската марка. Поголемиот дел од средствата од наддавањето ќе бидат инвестирани во VW 1303 подготвен за рели.

Volkswagen ја испраќа „бубата“ во музеј – повторно

Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen

Вредноста на старите „буби“ расте вртоглаво

Претходна објаваPeugeot му дава шарм на хибридниот погон
Следна објаваЕлектричното комбе MAN e-TGE ги најде првите клиенти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here