Со досег од 80 километри со полна батерија, хибридниот BMW X5 ќе го привлече интересот на многу поширок круг купувачи. Со системската моќност од 394 КС и 600 њутнметри, исто така
BMW најави нова верзија на X5 со плагин-хибриден погон за 2019 година. Моделот со целосна ознака X5 xDrive45e i-Performance ќе вози со специјална изведба на шестцилиндарскиот твинтурбо од три литри, кој во заедно со електромоторот ќе постигнува системска моќност од 394 КС и вртежен момент од 600 њутнметри.
Со 80 километри со полна батерија, новиот хибриден BMW X5 има речиси трикратно зголемен досег
Забрзувањето на големиот теренец со две срца до темпо сто трае само 5,6 секунди. Тоа е за цела една секунда покусо во споредба со претходната генерација на моделот со плагин-хибриден погон во гамата на BMW X5. Тоа што веројатно ќе заинтересира поширок круг купувачи околу плагин-хибридниот погон на BMW е значителното продолжување на досегот. Со 80 километри, возачот може неколку денови да мине низ град со само едно полнење на батеријата и без грам потрошено гориво. Тоа е речиси трикратно зголемување на досегот.
Луксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно
Потрошувачката според новата и многу пореална норма WLTP изнесува 2,1 литри на сто километри – тоа важи при стартување со полна батерија. Емисијата на СО2 изнесува само 49 грами, со што големиот теренец добива спободен пристап во голем број европски градови што го ограничуваат сообраќајот на возилата со недоволно чист издув.
Крајната брзина изнесува 235 km/h. При возење во електричен модус, хибридниот BMW X5 сега може да вози со максимални 140 место со 120 километри на час. Поради батеријата и погонската техника, големината на багажникот се смалува за 150 литри, на 500 литри.

















