Државен секретар за култура во Германија добил лекарска препорака да го смени службениот автомобил со поголем модел. Државните служби му обезбедиле луксузна лимузина од серијата 7 на BMW
Големите лимузини од високата класа во Германија смеат да ги користат исклучиво министрите. Тоа што Гунар Шеленбергер, државен секретар за култура во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, наскоро ќе смее да се вози во министерска лимузина, се должи на лекарското мислење од ортопед. Тој препорачал господинот Шеленбергер да се вози во специјално седиште, поради вештачките колкови и остеопорозата.
Само во луксузната лимузина од серијата 7 на BMW има доволно простор за специјалното седиште со ортопедска препорака
Секретарот за култура досега користел BMW 530d како службен автомобил, но во него не може да се вгради специјалното седиште. Баварскиот производител понудил замена за возилото што е под лизинг, со минимална доплата.
Како работодавец, германската сојузна покраина мора да се грижи за своите вработени. Службениот лекар исто така ја потврдил неопходноста од користење на медицинското помагало во автомобилот. Замената на возилото со поголемо била најповолното решение.
Специјалното ортопедско седиште има многубројни можности за местење и наменето е да обезбеди безболно патување дури и на подолги релации. Господинот Шеленбергер годишно минува по 65.000 километри во своето службено возило.
Споредбен тест меѓу Audi A6, BMW серија 5 и Volvo S90 на АУТО БИЛД

















