Џенсон Батон ја комплетира серијата рекорди на Honda Civic Type R

Honda Civic Type R rekord Hungaroring 4, Џенсон Батон

Деновиве меѓу фановите на Honda Civic Type R се раскажува вицот кој гласи вака: GTI! Стандардите за моќност меѓу компактите веќе одамна достигнаа вредности како на Ferrari од пред дваесетина години. А, моќноста дејствува

Во петтиот и последен лов на рекорди што беше планиран за годинашнава сезона, Honda Civic Type R повторно брилјираше. Новото најдобро време за автомобили со преден погон на патеката Хунгароринг изнесува 2:10,19 минути. И возачот има искуство во борбата со десетинките и илјадинките. Зад воланот на Type R беше Џенсон Батон, поранешен шампион во формула 1 и актуелен возач на NSX Super GT.

Подвигот со Honda Civic Type R на Хингароринг е од посебно значење за Џенсон, кој тука ја постигна првата ГП-победа во 2006 година – со Honda

Хунгароринг е долга 4,38 километри и специфична е по свијоците под 180 степени, жаргонски „шнола“, како и по сложените шикани. Возачите кажуваат дека за оваа патека е потребна посебна техника на возење. За Honda, Хунгароринг е патеката кадешто има голем ефект од приспособливите амортизери на Honda Civic Type R.

Honda Civic Type R rekord Hungaroring 3

Џенсон го опишува искуството со поставувањето на рекордот: „Првото што го забележав по излегувањето од боксовите беше неутралноста на автомобилот. Доаѓам од средина во којашто предниот погон не е толку застапен, така што ме изненади балансираноста на Type R и можноста уште од истиот момент да уживам во возењето.“

Шампионот бил изненаден и од тоа колку доцна може да се сопира пред свијок. Тој даде добра критика и за мануелниот менувач. „Повеќето денешни автомобили немаат мануелен менувач. Тука се чувствува поголема поврзаност со автомобилот.“

https://www.youtube.com/watch?v=nCuPq6n2oGY

Honda практично го подобри својот рекорд на Хунгароринг од 2006 година, кога беше изведена слична серија со претходниот Type R. Ова е петтиот рекорд во серијата што Honda ја води како „The Type R Challenge 2018“ и којашто стартуваше лани во април, кога Type R постави рекорд на Нирбургринг, со 7:43,8 минути.

Honda Civic Type R со серијата рекорди ја зацементираше својата позиција на најбрз автомобил меѓу лутите компакти

Прв во серијата беше рекордот на Тиаго Монтеиро, возач во WTCR, со 2:01,84 на Есторил, Португалија. Следен беше Мет Нил, возач во BTCC, со време од 2:31,32 на Силверстоун, Велика Британија. Бертран Багет, од јапонскиот Супер ГТ, имаше време од 2:53,72 на Спа Франкоршамп, Белгија. Четвртиот рекорд во серијата падна на Мањикур, Франција, со време од 2:01,51 минути, извозено од Естебан Гуерери, возач во WTCR.

[FAG id=34593]

Линк до ценовникот за Honda Civic Type R за Македонија

Претходна објаваКуса историја од 0 до 100.000-от автомобил на Lotus
Следна објаваТрадицијата победува: Toyota Auris повторно е Toyota Corolla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here