Брзински рекорд на Солено Езеро: 722 km/h со болид стар 50 години

Брзински рекорд, Дени Томсон

Американскиот тркач Дени Томсон на свои 69-години постави брзински рекорд на Соленото Езеро. На овој семеен подвиг му претстои историско поглавје долго половина век

Дени Томсон, син на американската тркачка легенда Мики Томсон, по половина век го исполни сонот на својот татко, да постави брзински рекорд за автомобили со мотор со внатрешно согорување и погон на сите тркала. Рекордот е поставен, возилото е истото како пред 50 години.

Брзински рекорд, Дени Томсон 3

Со учество на повеќе од 10.000 трки, Мики Томсон во 1968 година поаѓа во лов на нов светски рекорд со „Challenger II“. Но, поради лошото време, патеката е затворена, а една година подоцна и американските производители се повлекуваат од рекордерскиот спектакл на прочуената „патека“ во американската сојузна држава Јута. Спонзорите си заминуваат, без нив отпаѓа секаква можност за големи подвизи.

Реално сценарио од холивидски трилери го спречува новиот обид за брзински рекорд: Платеници го убиваат Мајк Томсон во 1988 година

Две децении подоцна, Мајк повторно планира да се обиде со рекордот. Се случува трагедија: На 16-ти март 1988 година, двајца платеници ги убиваат Мајк и неговата сопруга Труди, во домот во Бредбури, престижно предградие на Лос Анџелес. Убијците ги најмува бизнис партнерот.

Брзински рекорд, Дени Томсон 1

По точно 50 години, синот Дени Томсон ја исполни желбата на својот покоен татко, со истиот автомобил. Извршени се неколку мали модификации, но подвозјето, аеродинамиката и рачно изработената каросерија се непроменети.

Брзински рекорд, Дени Томсон 4

Старите мотори Ford-427 беа заменети со Hemi V8, со погон на смеша од нитро и метанол. Со по 2.450 КС од секој мотор, новиот ловец на рекорди доби близу двапати поголема моќност отколку оригиналното возило од 1968 година. Додадени се сопирачки дискови од карбон-керамика и два падобрани за запирање. Challenger II тежи 2.360 килограми.

Challenger II троши 190 литри гориво на осум километри, односно 2.375 литри на сто километри

На крајот на делницата долга осум километри, Дени Томсон во првиот обид постигна 718,7 km/h, а еден ден подоцна 725,6 km/h. Тоа дава просек од 722 km/h – нов светски рекорд. Досегашната најдобра вредност беше 706 km/h, од 2012 година.

Претходна објаваЕколози ги измерија автомобилите на германските политичари
Следна објаваТјунинг на шведски начин: Повеќе њутнметри до задната оска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here