Серијата 8 на BMW моментно ја застапува само купе изведбата. Но, Баварците имаат и други планови. В година пристигаат кабриолет и купе-лимузина, а дополнително и M8
Од серијата 8 на BMW моментно го знаеме само купето, но Баварците имаат многу поголеми планови со репрезентативната моделска серија. BMW потврди дека наскоро пристигаат кабриолет и купе-лимузина.
Купето од серијата 8 стартува со испорака во ноември. Пред крајот на следната година, на елегантно скроеното, но непрокосновено моќно купе ќе му се придружат отворената каросериска изведба со четири седишта и стилска купе-лимузина, којашто во номенклатурата на BMW се води како Gran Coupe. Во текот на следната година, моделската серија ќе биде крунисана и во екстремните спортски варијанти под знакот на M GmbH.
V12 овојпат нема да работи во серијата 8 на BMW: Баварците своевремено го вградија првиот повоен дванаесетцилиндарец од германска продукција во 750iL од генерацијата E32
За разлика од претохната серија 8, новиот модел којшто ги наследува купето, кабриолетот и купе-лимузината од серијата 6, нема да биде достапен со 12-цилиндарец. Топ-моделот засега е M850i xDrive, со 4,4-литарски V8 со 530 КС и 750 њутнметри. Осумцилиндарецот овозможува M850i да спринтува до темпо сто за 3,7 секунди.

Втората опција во моментов е дизелскиот 840d xDrive. Со трилитарски шестцилиндарец со 320 КС и 680 њутнметри, благородното купе забрзува од место до темпо сто за 4,9 секунди. Во двете погонски варијанти, преносот на сила го врши осумстепен менувач Steptronic.
Изгледот на купе-лимузината веќе го најави концептниот M8 Gran Coupé, посебно дотеран за премиерата како М-изведба.
















