Ferrari прв почнува да „пече“ на ниска температура

ferrari лакирање ниска температура

Ferrari во соработка со специјалистот PPG разви нова постапка на лакирање на ниска температура. Маранело прв во браншата почнува со користење на новата технологија

Ferrari е првиот производител во браншата што воведува нискотемпературно лакирање за своите возила. Технологијата пристига од специјалистот PPG и го докажува лидерството на Ferrari во примената на најсовремените достигнувања во индустријата. Во 2004 година, Маранело прв воведе лакови што се растворливи во вода, како технологија што дава голем придонес за зачувувањето на животната средина.

Двокомпонентниот систем на лакирање поседува транспарентен слој со специјална формулација, којшто овозможува лакот да се пече на 100 место на 150 степени Целзиусови. На тој начин се смалува потрошувачката на енергија, а се зголемува одржливоста на производствениот процес.

Тоа што Ferrari е предводник во примената на нови технологии се објаснува преку цената на возилата: Таму каде што се штеди до цент, новите технологии пристигаат последни

Тајната на „нискотемпературното печење“ е во новиот стврднувач, којшто ја зголемува хемиската и механичката отпорност на лакот. Новата формула го подобрува и меѓусебното поврзување на слоевите од лакот, а тоа директно ја подобрува хемиската хидрофобност и ја смалува водопропустливоста.

Уште една предност е тоа што карбонските и композитните делови сега може да се печат заедно со школката. Тоа ја смалува шансата за отстапување во бојата меѓу различните делови од возилото.
Новата технологија му овозможи на Ferrari да изведе дури 61 основни бои, комбинирајќи металик основа со транспарентен слој кој содржи матирани или сјајни пигменти.

Претходна објаваBMW M2 Competition би ја претркал и сопствената сенка
Следна објаваСите марки на Fiat во Италија на 48-часовен мега-попуст

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here