Верна и на мобилен телефон: Макпетрол ја претстави апликацијата Верна GО

макпетрол верна GO печат

Уште еден новитет од Макпетрол, не случајно темпиран среде летната жега. Мобилната апликација Верна GO нуди дополнителни можности што ќе бидат од голема корист при патувањето низ земјата

Летната жега не е вистинскиот период за одмор во Макпетрол. Напротив, во првиот ден од август, нашиот најголем дистрибутер со горива го користи периодот на зголемена раздвиженост по патиштата, додека луѓето бараат сенка и починка, и ја промовира мобилната апликација „Верна GO“.

Човекот кој прв ги соопштува новитетите од компанијата, Мишко Тасевски, при денешната промоција ја истакна тенденцијата на Макпетрол кон развој и иновации. Раководителот за маркетинг ја претстави новата апликација, која на корисниците им овозможува транспарентна информација за услугите и производите од понудата на Макпетрол.

Информацијата преку Верна GO е корисна од повеќе гледишта, имајќи предвид дека на станиците на Макпетрол обично се нудат и производи за широка потрошувачка, како и услуги за корисниците

„Макпетрол АД, како и досега, преку вакви и слични проекти го подига нивото на услугата. ‘Верна GO’ е одличен спој меѓу модерната технологија и транспарентниот систем, наменета за домашните и странските корисници на нашите производи и услуги. Оваа современа и корисна мобилна апликација овозможува потрошувачите да бидат подобро информирани, за да можат полесно да ги планираат своите патувања. Апликацијата овозможува лесно пронаоѓање на најблиската бензинска станица, новости, како и информација за цените на горивата,“ изјави Тасевски.

Игор Јосифов, инженер-програмер во Макпетрол, во повеќе детали ја презентираше новата мобилна апликација и нејзината функционалност. Позиционирањето на корисникот на апликацијата се врши преку GPS координати, со што се овозможува негово водење до најблиската или до бараната станица за гориво на Макпетрол.

Нова мобилна апликација Верна GO на Макпетрол
Нова мобилна апликација Верна GO на Макпетрол

Апликацијата Верна GO е достапна за сите корисници на платформите Android и iOS и се презема преку сервисите GooglePlay и AppStore. Истата функционира и без интернет мрежа, што значи дека нема дополнителен трошок при нејзиното користење, а достапна е на македонски, албански и англиски јазик.

„Со кликнување на една од бензинските станици се добива информација за тоа какви горива истата нуди и информација за дополнителни услуги што ги нуди избраната бензинска станица. Дополнително, мобилната апликација на Макпетрол АД ќе ги информира корисниците за сите промоции и програми кои ги нуди компанијата, како од програмата за лојалност Верна, така и од идните програми и промоции кои Макпетрол ќе ги лансира за своите лојални потрошувачи,“ додаде Јосифов.

Претходна објаваSeat Tarraco ги вози последните километри под маска
Следна објаваBMW гради фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here