Шефот на Audi бара ослободување од притвор

шефот на Audi Руперт Штадлер

Руперт Штадлер бара да биде ослободен од истражниот притвор. Органите на истрагата ќе решаваат околу тоа по итна постапка. Но, шефот на Audi може уште долго време да остане во затвор

Шефот на Audi, Руперт Штадлер, поднесе жалба поради неговото задржување во истражен притвор. Штадлер се најде зад решетки во минатиот месец, поради дизел аферата. Истражните органи го сомничат за измама. Тој не ја запрел продажбата на автомобилите со дизел мотор со манипулиран издув, иако бил свесен за постоењето на недозволениот софтвер.

Државното обвинителство го притвори Штадлер поради опасност од уништување на доказите, односно поради сомневање дека менаџерот би можел да влијае врз сведоците или другите осомничени лица. Обвинителите меѓу другото ги преслушувале и телефонските разговори на 55-годишниот висок функционер во германскиот концерн.

Менаџерот пред неколку недели бил преместен во затворот во Аугсбург-Габлинген. Во моментов нема информации дали Штадлер ги порекнал или ги признал обвинувањата.

Концернот Volkswagen уште не се откажува од Штадлер. Тој е само привремено ослободен од своите работни обврски, затоа што не може да раководи со Audi додека се наоѓа во затвор. Неговиот договор истекува во 2022 година. Како привремена замена е поставен Холанѓанецот Брам Шот.

Претходна објаваПочнуваат специјалните нарачки на McLaren Senna
Следна објаваОсвежување за дваесетгодишнината на Audi TT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here