Новата генерација на Volvo S60 ќе пристига од САД

Volvo S60 nova generacija

Швеѓаните денес ја претставија новата генерација на Volvo S60. Лимузината од средната класа ќе се произведува во САД и оттаму ќе се испорачува на светскиот пазар. Дизел нема да се нуди во S60

Volvo ја претстави новата генерација на својата лимузина од средната класа S60, во исто време со отворањето на својата прва фабрика во САД. По примерот на BMW и Mercedes, кои веќе одамна произведуваат од другата страна на океанот, Volvo директно ќе го покрива големиот американски пазар. Првиот Volvo со печат Made in USA ќе се извезува во Кина и во Европа.

Volvo S60 е воедно и прв модел на шведската марка што нема да се нуди со дизел мотор. Место тоа, понудата вклучува два плагин-хибриди: T6 Twin Engine AWD со 340 КС и T8 Twin Engine AWD со 390 КС. Тоа е чекор што Volvo веќе одамна го најави. Останатите два модела при стартот на продажбата се T5 и T6.

Спортската лимузина, како конкурент на серијата 3 на BMW и на Mercedes C-Class, базирана е врз платформата SPA. Во безбедносниот пакет спаѓа Volvo City Safety, како единствен систем кој препознава пешаци, велосипедисти и диви животни на патот. За првпат во средната класа се нуди автоматски систем за запирање кој реагира на возило што налетува од спротивната насока. Како опција стои на располагање систем за полуавтономно возење, којшто функционира до темпо 130 и реагира подобро во свијоци.

Вообичаено за Volvo, во средишната конзола доминира вертикален дисплеј, за ракување со функциите на возилото, навигацијата, конективноста и инфо-забавниот систем.

Претходна објаваОва се конкурентите на серијата 8 на BMW
Следна објаваХрватскиот специјалист Rimac ќе му помага на Porsche во електричниот погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here