Енди Мареј меѓу првите сопственици на електричниот Jaguar I-Pace

jaguar i-pace endi marej

Двократниот победник на Вимблдон, Енди Мареј, го исполни ветувањето дадено во март годинава, за време на Светскиот час на планетата Земја, дека ќе се префрли на електричен погон и стана еден од првите сопственици на Jaguar I-Pace

Возилото го испорача пилотот на Panasonic Jaguar Racing, Нелсон Пике Јуниор, воедно и колега амбасадор на Мареј од Светскиот фонд за природа. Британската тениска ѕвезда смета дека „сите треба да направиме мал чекор во насока на одржливоста на животната средина и да размислуваме за постапките кои можеме да ги преземеме во корист на нашата планета. Тоа е една од причините зошто избрав да го возам електричниот Jaguar I-Pace.“

Перформанси и динамика сигурно нема да му недостигаат на Сер Мареј во Jaguar I-Pace

При користење брз полнач со моќност од 50 киловати, батеријата на Jaguar I-Pace се полни до 80% за околу 1,5 час. Со полна батерија, овој кросовер што менува многу на сцената на електомобилноста, може да извози до 480 километри. Електричниот Jaguar подржува и приклучување на новите супербрзи полначи со моќност од 100 киловати, на коишто 80% наполнетост на батеријата се постигнува за само 40 минути.

Продажбата на Jaguar I-Pace веќе стартуваше на домашниот пазар. Вклучувајќи ги британските субвенции за електрични возила, цената изнесува 58.995 фунти, односно околу 67.000 евра.

Претходна објаваМакпетрол од денес точи нова генерација дизел горива
Следна објаваВака правилно се товари автомобилот пред одмор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here