Volvo сам ќе си прави салони на автомобили

Volvo V60 premiera

Volvo е меѓу првите марки што се откажаа од големите и скапи салони на автомобили низ светот. Сега и Женева отпаѓа од агендата, но затоа е оригинален новиот начин на претставување на новите модели пред публиката

Volvo продолжува да им го врти грбот на традиционалните настани на автомобилската сцена. Швеѓаните ги претставуваат новите автомобили, технологии и услуги на посебни настани. Volvo има зацртано план, до средината на следната декада да создаде корисничка база од преку пет милиони директни врски со клиентите.

Последните две презентации на марката навистина беа невообичаени за автомобилската сцена. XC40 беше претставен пред јавноста за време на Миланската модна недела лани, додека комби изведбата од серијата 60 доживеа премиера во двор на куќа во предградие на Стокхолм. Кон крајот на јуни ќе следи и премиера на S60, на свеченото отворање на првата фабрика на Volvo во САД, во Чарлстон, Јужна Каролина.

Од марката сега соопштија дека го откажуваат присуството и од салонот во Женева. Од Volvo сепак нагласуваат дека не се откажуваат целосно и засекогаш од традиционалните авто салони, но суптилно соопштуваат дека се очекува и самите организатори на салоните да воведат соодветни промени. Швеѓаните едноставно не сакаат премиерите на своите модели да ги раководат според датумите на големите манифестации.

Volvo моментно има најширока моделска понуда во својата историја. Во претстојниот период ќе се става поголем нагласок на иновациите и на услугите.

Претходна објаваТука се чуваат 66.000 резервни делови за стари модели на Mercedes
Следна објаваНарачките за Rolls-Royce Cullinan се полни до 2020 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here