McLaren го произведе 15.000-от автомобил

McLaren proizvodstvo 15000

Во своето седумгодишно постоење како производител на автомобили, McLaren Automotive го одбележува производството на 15.000-от автомобил. Работата напредува одлично во Вокинг. Пред само година и пол, името што речиси е синоним за Ф1 го прославуваше десетилјадитиот автомобил

Што сé се менува во ерата на електричните автомобили и автопилотите? Продажбата расте, батериите поевтинуваат, досегот се продолжува, инфрастуктурата веќе надминува сто илјади полначи само во Европа. За многу скоро време и полнењето ќе се скуси на десетина минути, барем на новата генерација полначи. Но, заедно со сите овие промени што ги носи погонот на струја, расте и интересот за суперспортските автомобили. Тоа е феноменот и тоа е спрегата што ја одржува автомобилската сцена пожива од кога било.

McLaren Automotive во седмата година од стартот како автомобилска марка го одбележа производството на 15.000-то возило во супермодерниот центар во Вокинг. Јубилејниот автомобил е 570S Spider во куракао-сина боја, кој пристига само година и пол по прославувањето на десетилјадитиот автомобил на McLaren.

McLaren воведе втора смена и ја удвои дневната продукција – од 10 на 20 возила

Поради големиот пазарен интерес, Вокинг воведе втора смена во 2016 година, што доведе до удвојување на дневната продукција – од 10 на 20 возила. Преку 90% од продукцијата на McLaren заминува надвор од Велика Британија, на повеќе од 30 пазари во светот.

Лани беше постигнат рекорд со 3.340 продадени автомобили. За овој раст придонесоа и двата нови модела, 570S Spider од таканаречената спортска серија и 720S од суперсеријата. Две третини од ланската продажбата отпаѓаат на спортската серија. Третата моделска серија соодветно се води како ултимативна серија и моментно се состои од McLaren Senna. Првиот од 500-те примероци од овој хиперавтомобил ќе биде завршен деновиве.

Хронологијата на McLaren Automotive

2010 – McLaren Automotive е основан како независна компанија

2011 – Отворен е McLaren Production Centre (MPC) во Вокинг, проектиран од Foster + Partners

2011 – Лансиран е 12C Coupe

2012 – Лансиран е 12C Spider

2013 – Лансирање на McLaren P1, прв хиперавтомобил со хибриден погон

2014 – Лансиран е 650S

2015 – Стартува продажбата на 570S, 540C, 675LT и P1 GTR

2016 – Претставен е 675LT Spider, производство на 10.000-от автомобил, започнува реализација на бизнис-планот Track 22

2017 – Претставени се 720S, 570S Spider и McLaren Senna

2018 – Производство на 15.000-от автомобил, MCTC во Шефилд стартува со производство на карбонски монокок

Претходна објаваСега светот ќе ги копира кинеските автомобили
Следна објаваЗевс се вози на струја и на две тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here