По Хамбург следи забрана за дизел и во Келн

забрана за дизел

Градските власти во Келн планираат да воведат забрана за сообраќај за стари дизели. Тоа е очекуваниот почеток на серијата забрани во германските градови, откако Хамбург го направи првиот потег и од 31-ви мај ќе го ограничи сообраќајот за возилата со дизел мотор со издувна норма послаба од Еуро 6

По најавата дека Хамбург ќе го забрани сообраќајот за возила со дизел мотор со емисија послаба од Еуро 6, сега и градските власти на Келн подготвуваат слична мерка. Забраната ќе важи на неколку улици, но ќе се внимава со пренасочувањето на сообраќајот да не се предизвика контраефект, односно зголемување на загаденоста на воздухот во соседните подрачја.

За пристанишниот град Хамбург е веќе извесно дека од 31-ви мај се забранува сообраќајот за патнички автомобили и товарни возила коишто не ја исполнуваат актуелната норма Еуро 6. Овие возила не смеат да сообраќаат по две градски улици, на коишто се создава прекумерна загаденост на воздухот.

Во 37 германски градови имало пречекорување во азотните оксиди во 2016 година

Според последните комплетни мерења на загаденоста, коишто важат за 2016 година, во дури 37 градови било измерено надминување на дозволената концентрација на азотни оксиди од 40 микрограми на метар кубен.

Овие штетни материи во најголем дел произлегуваат од дизел моторите коишто не ги поседуваат комплицираните и скапи системи за пречистување на издувните гасови според нормата Еуро 6.

Претходна објаваГерманија тестира електрични камиони „на жица“
Следна објаваPorsche 911 пристига во нова генерација веќе годинава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here