Volvo укинува пластика и во канцелариите

volvo заменува пластика

Во знак на поддршка на кампањата на Обединетите Нации за заштита на океаните, Volvo ќе престане со употреба на пластични предмети за еднократна употреба до крајот на 2019 година. Преку 20 милиони пластични предмети, што по користењето завршуваат во отпад за време од една година, ќе бидат заменети со предмети што одат во прилог на одржливоста на животната средина. Тоа значи: Биоразградливи производи од хартија, дрвна пулпа и дрво. Секој вработен во Volvo во просек фрла во отпад повеќе од 500 предмети за еднократна употреба за една година.

Увозниците на Volvo исто така мораат да го следат примерот на Швеѓаните

Замената ќе се одвива во повеќе чекори. До крајот на годинава, пластиката ќе исчезне од глобалните настани на Volvo, како презентации на нови модели. Истото ќе се случува и во сите канцеларии и ресторани на Volvo во Кина, Белгија, САД, Шведска и Малезија. Во текот на следната година, оваа мерка ќе ја применат и сите увозници.

Во следните 10 до 15 години се предвидува удвојување на глобалното производство на пластика. Дел од овие предмети ќе завршат во океаните, доколку не преземеме чекори веднаш. Ја поздравуваме одлуката на Volvo Cars да каже не за пластиката за еднократна употреба и ќе нé радува сите да го следат тој пример Лиза Емелија Свенсон, директорка за заштита на океаните во ОН

 

Само годинава Volvo очекува да замени 140 тони пластика со предмети што се одржливи за животната средина. Швеѓаните неодамна донираа 300.000 евра во научниот проект во рамките на Volvo Ocean Race. Неколку натпреварувачки јахти во тековната сезона се опремени со сензори коишто собираат податоци за живиот свет во најдалечните подрачја на светските океани, мерејќи го меѓу другото и нивото на микропластика.

Специјална серија од Volvo V90 за поддршка на заштитата на светските океани

Овие средства се обезбедени од продажбата на специјалната серија на V90 Cross Country Volvo Ocean Race. Возилата поседуваат патосници од еконил, материјал што се состои од 100% рециклиран најлон. Голем дел од најлонот потекнува од рибарските мрежи што се собрани од морското дно.

volvo zamena plastika 1

Во оваа заложба кон животната средина на Volvo се надоврзуваат и најавите дека сите нови модели по 2019 година ќе имаат електрифицирана погонска спрега. Швеѓаните планираат половина од глобалната продажба до 2025 година да отпаѓа на чисто електрични возила.

Volvo ја објави цената за електричниот Polestar 1

Патниците добиваат спа-третман во Volvo S90 Ambience

Кинеските газди на Volvo оствариле заработка од 12 милијарди евра

Овој Volvo P 1800 бил во лична сопственост на Роџер Мур

Новиот Volvo XC40 им носи пораст во продажбата на Швеѓаните

 

Претходна објаваPorsche со сервисен повик за 60.000 автомобили
Следна објаваТркачкиот фестивал на Aston Martin се враќа на Леман

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here