Уште една свежа идеја поврзана со „каршерингот“, којашто би можела да наиде на солидна прифатеност. Ikea започна соработка со Renault со своите салони за мебел во Франкија. Купувачите на мебел во текот на целото работно време и во текот на целата седмица можат да изнајмат доставно возило директно во салонот.
До септември, Renault ќе испорача 300 транспортери. Цените за изнајмување уште не се објавени, но бидејќи станува збор за „carsharing“, тие ќе бидат малку повисоки од такси превоз. Како водечки производител на електрични автомобили во Европа, а заедно со Nissan и во светот, Renault планира целиот возен парк од транспортери во салоните на Ikea да го префрли на електричен погон. Дотогаш ќе се работи на поставување станици за полнење.
Еден час користење на возило на Renault Mobility чини седум евра
Францускиот производител има огранок којшто е специјализиран за ваков вид услуги, Renault Mobility. Во Франција има вкупно 180 возни паркови со возила коишто можат да се изнајмат на само неколку минути и директно на улица. Лоцирањето на најблиското возило и отклучувањето се врши преку мобилна апликација. Еден час користење на овие возила чини седум евра, вклучувајќи осигурување и ограничување на 100 километри.
Renault развива нова батериска техника за 2025 година
Renault и Dacia со историски рекорд од 3,8 милиони продадени возила
Renault Zoe најеколошки користен автомобил според What Car
Renault Kangoo Z.E. доставува товар возејќи на батерии
















