Opel ќе развива седишта и менувачи за PSA

opel inzenerski centar

Инженерскиот центар на Opel во Риселсхајм ќе го има последниот збор во развојот на нови технологии во групацијата PSA во уште девет подрачја. Седишта, безбедносни ремени, мануелни менувачи, автоматска контрола на квалитетот се само некои од новите надлежности на германските инженери.

Развојниот центар на Opel во Риселсхајм добива девет нови подрачја на компетентност во групацијата PSA. Во иднина, во центарот меѓу другото ќе се развиваат седишта и мануелни менувачи за целиот концерн. Со тоа, бројот на подрачја во коишто германските техничари го имаат последниот збор се зголемува на 15.

Во развојниот центар во седиштето на марката остана празнина откако Opel се издвои од General Motors. Половината од проектите се работеа за американскиот концерн. Како што посочи шефот Лошелер при презентацијата на планот Pace во минатиот ноември, сите нови модели на Opel во иднина ќе се развиваат во Риселсхајм.

Добивањето надлежност за деветте нови подрачја нема да влијае врз бројот на вработувања во остнаатите развојни центри на групацијата PSA. Како што наведуваат од компанијата, целата бранша се соочува со мноштво технолошки предизвици.

Новите надлежности на развојниот центар на Opel во Риселсхајм:

  • Седишта
  • Мануелни менувачи
  • Пасивни системи за безбедност
  • Електромагнетска подносливост
  • Геометрија на возило, димензии и толеранции
  • Инженеринг на материјали за возила (за повеќе подрачја)
  • Напојување со гориво
  • 3D-печатење на алати за монтажа
  • Автоматска контрола на квалитетот

Најава за нови надлежности по 9-ти ноември:

  • Развој на горивни ќелии
  • Развој за пазарот во САД (возила и погонски единици)
  • Алтернативни горива
  • Системи за асистенција: Паркирање, активна безбедност, предупредување при опасност
  • Автоматизација на тестирање
  • Индустријализација на софтвер

Opel Grandland X ќе се произведува во Намибија

Opel Combo како премаскирана верзија на Citroen Berlingo

Peugeot ќе произведува мотори во фабриките на Opel

Opel Senator пред 40 години им ги мрсеше конците на Mercedes & Co

Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia

Претходна објаваСтарата фабрика за Dodge Viper станува музеј
Следна објаваКамионите се подобри олдтајмери

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here