Старата фабрика за Dodge Viper станува музеј

dodge viper naddavanje memorabilija

Во поранешната фабрика за Dodge Viper во Детроит ќе бидат сместени 85 од близу 400 концептни и историски автомобили коишто ги поседува Fiat Chrysler. Овие вредни автомобили досега беа разместени на повеќе локации.

Една петина од вкупната површина на поранешната фабрика за Dodge Viper на Конер Авенија во Детроит ќе послужат како изложбен простор. На површина од 7.200 од вкупно 37.200 метри квадратни ќе се најдат највредните примероци од историјата на Chrysler, почнувајќи од најстариот Rambler од 1902 година, до најважниот Chrysler Touring од 1925 година.

Некогашните канцеларии на менаџментот на фабриката ќе се изнајмуваат како конференциски сали. Комплексот изграден во 1966 година за првпат ќе биде достапен и за јавноста. Производството на Dodge Viper заврши на 31-ви август лани. Оттогаш е демонтирана производствената лента, отстранет е мебелот и просториите се пренаменети во конференциски хали. При расчистувањето се откриени стотици предмети што се поврзуваат со култниот Viper, како и со Plymouth Prowler.

Chrysler ги цени хаубите со потписи од вработените на 5.000 долари, за понуди обично се чека непосредно пред завршувањето на наддавањето

Овие предмети веќе се понудени на наддавање. Меѓу вкупно 1.800 предмети се наоѓаат и осум хауби со потписи, над 500 плакати, табли и постери, како и рекламни производи за Viper, почнувајќи од приврзоци за клу, до облека или шољи за кафе.

Ентузијастите за оригинално конципираниот автомобил ќе „попуштат“ пред цртежот на Viper GTS, со портретите на трите поранешни шефови на Chrysler, коишто беа одговорни за развојот на моделот.

Наддавањето трае до 13-ти април и до него може да се пристапи преку https://auction.unitedwaysem.org

Претходна објаваКамионските гуми добија интернет
Следна објаваOpel ќе развива седишта и менувачи за PSA

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here