Чешката марка на Volkswagen стана марка за пример во концернот. Лани стартуваше продажбата на Kodiaq и Karoq, коишто на Skoda ѝ донесоа голем раст во и без тоа растечката продажба, а уште 19 нови модели чекаат на лансирната рампа до крајот на деценијава.
Во матичната фабрика во Млада Болеслав се произведуваат повеќе од половина милион возила годишно. Продукцијата сепак нема да се зголеми, затоа што синдикатот одбива работната седмица да се продолжи во сабота. Менаџерите му понудија на синдикатот отворање на 3.000 нови работни места, доколку прифати работна сабота. Годишната продукција со тоа би се зголемила за повеќе од 80.000 возила.
За пет години продажбата на Skoda се зголемила за повеќе од една третина, со 1,2 милион продадени возила лани
Доколку не отвори нова фабрика или ги прошири постоечките капацитети, Skoda ќе пропушти потенцијал за продажба на повеќе од 350.000 возила во 2020 година. Освен во фабриките во Чешка, модели на Skoda се произведуваат во Кина, Русија и Индија.
Во средината на следната декада, Skoda треба да стартува со продажба на 20 нови пазари во светот. Марката моментно се продава на повеќе од сто пазари. Тоа ќе бара дополнителни производствени капацитети. Постои можност да се користи фабрика во рамките на групацијата Volkswagen којашто е помалку оптоварена, или да се гради нова фабрика надвор од Чешка, во којашто ќе се произведуваат и модели од другите марки на концернот.
Вака изгледаа теренците на Skoda пред 70 години
Skoda Octavia на метан со попуст од 7.000 евра во Германија
Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI DSG 4×4 Style
Еден милион гледачи на преносот од премиерата на Skoda Karoq
















