Просек од 154 КС на автомобилите на Германците

просечна моќност автомобилите германија

Растечката продажба на СУВ моделите придонесе просечната моќност на автомобилите што се продаваат на германскиот пазар да достигне 154 КС.

Во Германија се возат сé посилни автомобили. Просекот од сите возила што лани биле продадени на најголемиот пазар во Европа изнесува 154 КС. Главна заслуга за извонредниот просек има растечката продажба на моделите од СУВ-сегментот.

Секое четврто продадено возило во земјата лани било теренски автомобил. Просечната моќност на продадените модели во СУВ-сегментот изнесува 170 КС. Со продолжувањето на трендот на „градските теренци“, соодветно ќе расте и просечната моќност на продадените возила. Трендот уште долго ќе трае.

Плагин-хибридните автомобили во Германија со просечна моќност од 183 КС

Според педантните статистики што се водат за германскиот пазар, спортските автомобили во просек имале 293 КС. Мошне солиден просек има кај плагин-хибридите. „Штедливците“ во просек располагаат со моќност од 183 КС.

Една историска споредба покажува во колкава мерка се зголемила моќноста на автомобилите. Carrera 2, најсилната верзија на Porsche 356, во средината на 1960-те години располагаше со само 130 КС. Наследникот Porsche 911 до 1973 година беше достапен во верзијата 911 T 2.4 којашто исто така имаше моќност од 130 КС. Тоа е за 20% помалку од просечната моќност на денешните автомобили во Германија.

Nio EP9 е најбрзиот електричен автомобил и вози со моќност од еден мегават

Зошто скапите автомобили со моќни мотори се добри за електромобилноста

Toroidion 1MW: Фински суперавтомобил на струја со моќност од 1 мегават

Претходна објаваПроизводителите на тешки маки поради новите мерења на потрошувачката
Следна објаваБензинците на BMW на едногодишна пауза

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here