Како дел од групацијата PSA, Opel ја добива слободата што ја немаше под General Motors и почнува да ги освојува пазарите надвор од Европа. Уште во текот на годинава ќе стартува монтажата на модели на Opel во новата фабрика на PSA во Намибија. Со овој чекор, Opel планира да го зајакне своето пазарно присуство во Јужна Африка.
Во првата фаза, во Валвис Беј ќе се врши завршна монтажа на компактниот теренец Opel Grandland X. Во монтажата ќе се користат готови модули (SKD, Semi Knocked Down) коишто ќе се испорачуваат во фабриката во Намибија. Првите возила може да се очекуваат веќе во втората половина од годинава. Подоцна ќе следат и други модели.
Возилата ќе се водат како локална продукција и ќе бидат ослободени од царина и други давачки, што ќе ги направи поконкурентни на пазарот. Како кусо потсетување, Македонија во 1990-те години беше мошне блиску до стартување со локална монтажа на Audi A3.
До 2020 година ќе се достигне продукција од преку 5.000 возила на Opel и Peugeot
Фабриката е заедничка инвестиција на групацијата PSA и Корпорацијата за развој на Намибија (NDC). Освен Opel, во Валвис Беј ќе се монтираат и модели на Peugeot. Планот е до 2020 година да се достигне монтажа на повеќе 5.000 примероци на годишно ниво.
До 2025 година, Opel треба повеќе од 10% од вкупната продажба да ги постигне на пазари надвор од Европа. За таа цел ќе се зајакнува присуството на германската марка на 15 постоечки извозни пазари во Азија, Африка и Јужна Америка. Паралелно со тоа, до 2022 година треба да се стартува на повеќе од 20 нови извозни пазари.
Opel во минатите неколку месеци потпиша договори за соработка со нови дилери во Јужна Африка, Мароко и Тунис, кадешто исто така се очекува раст во продажбата во следниот период.
Opel Senator пред 40 години им ги мрсеше конците на Mercedes & Co
Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia
Opel Astra е автомобил на годината во Јужна Африка
















